Slide 1

Вести

Мате Римац со порака до Маск поради игнорирањето на Nevera

Slide 1

11/06/2021

Мате Римац го претвори својот старт-ап во влијателна автомобилска компанија, која допрва ќе ги реализира своите големи амбиции.

Во меѓувреме Rimac Automobili соработува со голем број од автомобилските гиганти кои користат технологија на хрватскиот бренд, а неодамна го претстави и супер моќниот модел Nevera.

Rimac доби сериозно внимание од светските медиуми по промоцијата на електричниот спортист со дури 1.914 коњски сили, па Nevera нема да остане неприметена и покрај игнорирањето на Илон Маск.

Предводникот на Tesla е авторитет кога се работи за електричните автомобили, често ги коментира потезите и на ривалските компании, но со своето последно обраќање до јавноста и најавувањето на Model S Plaid, го испровоцира својот помлад колега од Хрватска.

Римац во својот пост на социјалните мрежи го „поздрави“ Маск, иако џентлменски го пофали најмоќното издание на Model S.

– И покрај тоа што Илон не игнорира (тврдејќи дека Plaid е автомобил со најбрзо забрзување на сите времиња) и натаму сме многу побрзи, имаме речиси двојно повеќе моќност, поголема батерија и побрзо полнење.

– Сепак, неверојатните перформанси за релативно достапен фамилијарен седан поставуваат нови стандарди за најголем број автомобилски производители. Браво Tesla, браво Илон, – порача Римац.

Tesla Model S Plaid е најавен со 1.020 коњски сили и спринт до 100 км/ч за 2 секунди, додека Rimac Nevera со своите 1.914 кс стигнува до 100 км/ч за 1,85 секунди.

Повеќе содржини за електрични автомобили:

Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

VW Taigo распознава пешаци и велосипедисти и автономно сопира при брзини до 210km/h
Кабриолет изведбата на Fiat 500 пристигна во салонот на Fiat во Скопје
Електрификацијата ќе предизвика намалување на бројот на вработени во автомобилските компании
Илон Маск ќе им овозможи на конкурентите да ја користат мрежата на брзи полначи на Tesla