Вести

Mazda најави нов и иновативен дизел мотор во 2020 година

Не само што овој производител не крева раце од дизел технологијата, туку очекува вистински пробив на својот нов агрегат, со кој ќе докаже дека се уште постои простор за напредок во креирањето на мотори со внатрешно согорување

21/10/2019

Следната 2020 година Mazda ќе го претстави целосно новиот и иновативен дизел мотор, кој ќе биде користен во портфолиото на јапонскиот бренд.

Не само што овој производител не крева раце од дизел технологијата, туку очекува вистински пробив на својот нов агрегат, со кој ќе докаже дека се уште постои простор за напредок во креирањето на мотори со внатрешно согорување.

– Ќе ве изненадиме следната година. Во 2020 година ќе покажеме еден нов пристап кон дизел моторите и ќе докажеме колку чисти и ефикасни можат да бидат истите, – вели Кристијан Шулце, првиот човек на одделот за истражување и развој во Mazda.

Истовремено, јапонскиот производител вели дека нема да го потцени процесот на електрификација, па идните години ќе бидат промовирани хибридни и електрични возила.

Mazda веќе направи „мала револуција“ со претставувањето на веќе достапниот Skyactiv-X мотор, кој ги комбинира позитивните страни на бензинските и дизел моторите.

Slider
Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider