Slide 1

Вести

Mazda не планира нови модели во наредните две години

Slide 1

Информацијата објавена од „Никеи Ривју“ најавува дека Mazda свесно прави ваков чекор, подготвувајќи се за следната офанзива, во која ќе бидат вклучени нови платформи, нови мотори и технолошки иновации кои ќе треба да го свртат вниманието на купувачите во тој период

24/02/2020

Јапонскиот производител Mazda не планира да го освежува своето портфолио пред 2022 година, што значи дека купувачите наредните две години ќе можат да сметаат само на актуелната гама која веќе е во продажните салони.

Информацијата објавена од „Никеи Ривју“ најавува дека Mazda свесно прави ваков чекор, подготвувајќи се за следната офанзива, во која ќе бидат вклучени нови платформи, нови мотори и технолошки иновации кои ќе треба да го свртат вниманието на купувачите во тој период.

Единствениот новитет во овој пасивен период може да биде дополнување на понудата со некој нов мотор, за моделите на Mazda да бидат поконкурентни од она што го имаат во актуелната позиција, посебно на дизел територијата.

Како што пренесува јапонскиот медиум, по 2022 година ќе биде претставена целосно нова платформа за поголеми автомобили, како и 6-цилиндерски бензински и дизел мотор, што можеби најавува и влез на Mazda во премиум друштвото, иако за тоа ќе бидат потребни навистина сериозни инвестиции.

Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

Специјалнa верзија на Fiat 500X го тестира третото ниво на автономно возење на автопатите во Италија
Citroën претстави нов C3, специјално креиран за Индија и Јужна Америка
Volkswagen, по примерот на Tesla, планира да заработи стотици милиони евра од бесплатните Over-the-Air надградби
Првиот електричен автомобил на Xiaomi ќе пристигне во првата половина од 2024