Slide 1

Вести

Mazda планира новитет базиран на Yaris Hybrid

Slide 1

30/11/2020

Јапонска Mazda планира во својата европска понуда да вклучи нов автомобил, чија основа ќе биде новата генерација на Toyota Yaris Hybrid.

Британски „Аутокар“ објави дека соработката меѓу двата производитела може да продуцира уште еден член на Б сегментот, кој ќе користи платформа и хибриден погон на Toyota, a ќе биде надграден со дизајн на Mazda.

Овој новитет може да се очекува за околу две години, при што производството веројатно ќе се одвива во Франција, паралелно со тоа на актуелниот Yaris.

Засега не е јасно дали идниот хибрид од Б сегментот ќе биде наследник на Mazda 2, бидејќи постои опција сегашниот претставник на брендот од Хирошима да остане на пазарот и по пристигнувањето на хибридот.

Меѓу другите позитивни ефекти, хибридната изведба ќе ја подобри сликата на Mazda во однос на просечната CO2 емисија.

Ваквата соработка на Mazda и Toyota не е изненадување, откако Suzuki веќе лансираше два нови модела, базирани на автомобил на поголемиот и поуспешен бренд. Тоа се Across (RAV4) и Swace (Corolla TS).

Повеќе содржини за хибридни модели:

Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

Специјалнa верзија на Fiat 500X го тестира третото ниво на автономно возење на автопатите во Италија
Citroën претстави нов C3, специјално креиран за Индија и Јужна Америка
Volkswagen, по примерот на Tesla, планира да заработи стотици милиони евра од бесплатните Over-the-Air надградби
Првиот електричен автомобил на Xiaomi ќе пристигне во првата половина од 2024