Slider

Вести

Mazda започна со производство на електричниот MX-30

Slider

Mazda MX-30 ќе го користи новиот е-Skyactiv електричен погон, кој располага со 145 коњски сили кои се испорачуваат на предната оска, а литиум-јон батеријата (35,5 kWh) е доволна за досег од околу 200 километри

20/05/2020

Фабриката во Хирошима е локацијата каде Mazda веќе започна со производство на својот електричен автомобил кој го доби името MX-30.

Mazda MX-30 ќе го користи новиот е-Skyactiv електричен погон, кој располага со 145 коњски сили кои се испорачуваат на предната оска, а литиум-јон батеријата (35,5 kWh) е доволна за досег од околу 200 километри.

Јапонците решија да направат баланс меѓу автономијата и предноста која ќе се добие од помала батерија, а инженерите ги интегрирале и најновите безбедносни системи и асистенти на возачот за максимално релаксирано искуство зад воланот на MX-30.

Во ентериерот возачот ќе смета на 8,8-инчен екран, 7-инчен екран осетлив на допир за функциите на клима-уредот и хед-ап проекција, а посебна специфика на 4,39 метри долгиот кросовер се задните врати кои се отвораат во спротивен правец од предните.

Почетокот на продажбата е резервиран за First Edition изведбата, која ќе биде достапна и на европските пазари.

Повеќе содржини за електрични автомобили

Slider
Slider
Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider