Slider

Новитети

McLaren ја започна електрификацијата: Пристигнува хибридот Artura со 680 коњски сили

Slider

17/02/2021

Британскиот бренд McLaren можеби поретко закажува премиери, но кога тие се случуваат, на автомобилската сцена пристигнуваат уникатни автомобили.

Artura е првиот ултра-моќен плаг-ин хибрид во историјата на McLaren и спортист кој ќе располага со дури 680 коњски сили од соработката на бензинскиот и електро моторот.

Луксузниот спортист го користи големото искуство на McLaren во моторспортот и посебно Формула 1, а еден од најважните елементи секако е тежината и нејзино намалување со користење ултра лесни материјали. Овој третман кај Artura значи тежина од само 1.498 килограми, од кои само 130 се поврзани со компонентите за функционирање на хибридниот погон, вклучувајќи ги електро-моторот и батеријата.

Основа на перформансите е 3.0-литарскиот V6 бензински мотор кој располага со 580 коњски сили, додека електро-моторот со својот специфичен концепт и позиционираност, успева да го заокружи жестокиот карактер на Artura.

Toa значи забрзување до 100 км/ч за само 3 секунди, стигнување до 200 км/ч за 8,3 секунди и максимална брзина од 330 км/ч.

Во погонот е вклучена и 8-степена иновативна трансмисија, при што возењето во рикверц ќе се реализира директно преку електро-моторот.

Енергијата се складира на 7,4 kWh батерија, а овој плаг-ин хибрид може да помине до 30 километри на електричен погон.

Автомобилот е долг 4.539 милиметри и висок 1.193 милиметри, а McLaren потенцира дека покрај спортско-луксузниот амбиент во кабината, возачот на располагање ќе има многу безбедносни системи, иновативни технологии, како и најнова генерација на инфо-забавниот систем на овој производител.

Повеќе содржини за спортски автомобили:

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider