Skip to content

Вести

McLaren Speedtail стигна до рекордни 403 км/ч на последниот тест

Овој McLaren користи хибриден погон кој испорачува дури 1.070 коњски сили и вртежен момент од 1.150 Nm, a од 0 до 300 км/ч стигнува за само 13 секунди

24/12/2019

McLaren ги комплетираше последните тестирања за новиот модел Speedtail, а тој докажа дека ќе биде најбрзиот автомобил на британскиот бренд во историјата.

„Кенеди спејс центар“ на Флорида била последната локација на која хајпер-автомобилот ги демонтстрирал своите перформанси и можности и според McLaren, стигнал до максимална брзина од 403 км/ч.

Со тоа, Speedtail ќе го собори досегашниот рекорд на легендарниот F1, користејќи ги своите предности за да стане и еден од најпосакуваните автомобили во својата класа.

Овој McLaren користи хибриден погон кој испорачува дури 1.070 коњски сили и вртежен момент од 1.150 Nm, a од 0 до 300 км/ч стигнува за помалку од 13 секунди.

– Одлично е што брзинската тест програма на Speedtail заврши со голем број спринтови на локација позната по поместувањата на границите на возможното. Speedtail е неверојатен автомобил кој го покажува пионерскиот дух на McLaren и перфектно ја покажува нашата посветеност да продолжиме да поставуваме нови стандарди во сегментот на супер автомобили, – вели Мајк Флуит, CEO на McLaren.

Првите 106 примероци на Speedtail веќе се влезени во процес на производство, а испораката е најавена за февруари, 2020 година.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider
Slider

Send this to a friend