Slider

Новитети

Mercedes-AMG GT Black Series претставен со V8 мотор со 730 КС

Slider

4.0-литарскиот твин-турбо мотор е ново ремек-дело на инженерите на AMG, а Mercedes-AMG GT Black Series ќе ги пренесува вртежите до задната оска и тоа со помош на седум-степена трансмисија со двојна спојка

15/07/2020

Mercedes-Benz со посебна гордост денеска ги претстави деталите за моделот Mercedes-AMG GT Black Series, кој со повеќе надградби, но пред се со иновативната погонска единица стигна до неверојатни перформанси.

Какво е значењето на оваа специјална изведба доволно кажува дека истата го доби најмоќниот V8 мотор кој досега е направен од AMG, a истиот испорачува дури 730 коњски сили.

4.0-литарскиот твин-турбо мотор е ново ремек-дело на инженерите на AMG, а Mercedes-AMG GT Black Series ќе ги пренесува вртежите до задната оска и тоа со помош на седум-степена трансмисија со двојна спојка.

Од Mercedes велат дека резултатите во однос на перформансите се постигнати и со другите елементи, како лесната конструкција која е добиена со употреба на карбонфибер, полесни делови на суспензијата каде е употребен алуминиум, како и аеродинамиката на која е посебно работено.

За тоа каков е резултатот покажува и спринтот до 100 км/ч кој трае 3,2 секунди, додека до 200 км/ч се стигнува за помалку од 9 секунди.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider