Slider

Новитети

Mercedes C-Class доби повеќе луксуз и електрифицирани погонски единици

Slider

23/02/2021

Комбинацијата на електрифицирани погонски единици и дополнителна доза луксуз и напредни технологии се основата на новата генерација на Mercedes C-Class.

Германците имаат продадено над 10 милиони примероци во својата класа, а шестата генерација на C-Class ќе ја продолжи традицијата со којa Mercedes го има еден од најпосакуваните модели меѓу седаните од средната класа.

Дизајнерската еволуција носи посакувано освежување, па седанот и комбито кои истовремено ќе се појават на пазарот, добиваат одлична стартна позиција во споредбата со главните премиум ривали.

Седанот на C-Class е подолг за 65 милиметри, поширок за 10 милиметри, а меѓуоскиното растојание порасна за 25 милиметри, што значи повеќе простор за патниците на задната клупа. Капацитетот на багажникот останува непроменет, односно 455 литри.

Она што е посебно важно за автомобилот е што ја добива најновата генерација на MBUX интелигентниот инфо-забавен систем, кој дебитираше неодамна со новата генерација на поголемата S-Class.

Toa подразбира дигитална инструмент табла (10,25 или 12,3-инчна) и централен екран кој во сериската опрема е 10,25-инчен, а MBUX обезбедува и надградба на системот преку интернет мрежата.

Сите мотори се благи хибриди, односно доаѓаат со 48V технологија, а почетната изведба е со 1.5-литарски бензински мотор со 170 или 204 коњски сили, C300 ознаката ќе значи 2.0-литарски мотор со 258 кс, додека 2.0-литарските дизел мотори се со 200 и 265 коњски сили.

Mercedes најави дека наскоро C-Class ќе биде достапна и како плаг-ин хибрид ветувајќи напредна погонска единица.

Повеќе содржини за Mercedes:

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider