Slide 1
Slide 1

Новитети

Mercedes EQS пристигнува со најнапредна технологија и автономија до 770 км

Slide 1
Slide 1

15/04/2021

Mercedes-Benz отвори ново поглавје во својата електрична понуда, претставувајќи го моделот EQS, кој ќе биде прв автомобил поставен на новата EVA платформа на германската групација.

Буквата „S“во името е добра најава за лифтбек седанот кој ќе биде електричен пандан на класичната S-Class и според Mercedes, ќе овозможи врвна аеродинамичност, очекуван луксуз и моќни перформанси на електричен погон.

Mercedes EQS е долг 5,12 метри и има меѓуоскино растојание од 3.210 милиметри, што е за 106 милиметри повеќе од новата генерација на S-Class, a производителот најави најдобар коефициент на отпор на воздухот (0,20) на пазарот.

Најавениот „Hyperscreen“ концепт е доминантен во кабината, а подразбира заоблен екран кој се протега по цела хоризонтала и содржи три дисплеја, поврзани со новата генерација на MBUX инфо-забавниот систем кој веќе беше претставен кај класичната лимузина со буквата S.

Mercedes EQS ќе биде достапен со еден електро-мотор на задната оска или пак со два електро-мотора во 4MATIC конфигурацијата, а моќноста се движи меѓу 333 и 524 коњски сили (PS). Германците најавуваат дека автономијата обезбедува до 770 километри со едно полнење на батеријата, a ќе користи најнапредна 800V технологија за полнење.

Во иднина ќе биде лансирана и поспортска изведба на EQS со 761 коњска сила.

Повеќе содржини за електрични автомобили:

Најнови содржини

Мате Римац со порака до Маск поради игнорирањето на Nevera
Land Cruiser 300 носи темелни промени и проверен оф-роуд концепт на теренецот на Toyota
Alfa Romeo ќе го прослави 111. роденден со своите фанови
Kia Motors Macedonia ја започнува „смелата трансформација“