Стории
Mercedes EQS SUV има технологија која овозможува управување со тркалата на задната оска под агол до 10 степени
Моделот со еден мотор (EQS 450+) има сила од 355 hp, додека изведбите со два мотори (EQS 580 4MATIC) имаат сила од 536 hp.
Стартот на производството на EQS, електричниот SUV на Mercedes-Benz е планирано за јуни, во фабриката на производителот во Алабама, САД. Цените на моделот во Германија ќе започнуваат од 97,000 евра.
Новиот SUV со седум седишта ќе се произведува во фабриката во Ванс, во Сојузната држава Алабама.
Изведбите со еден електричен мотор ќе чинат од 97,000 евра.
“Моделот EQS SUV е совршен за пазарот во САД, каде луѓето преферираат големи возила”, изјави Брита Сегер, директор за продажба и маркетинг на Mercedes-Benz.
“Моделот е луксузен, предводи во однос на технологијата и е вистински одговор на прашањето: Како Mercedes се движи кон електрификацијата”, додава таа.
Mercedes-Benz во последните 18 месеци бележи голема побарувачка за EQ гамата на електрични возила.
“Во првиот квартал ја триплиравме продажбата на комплетно електрични возила споредено со истиот квартал минатата година. Имаме голема побарувачка од нашите клиенти кои сакаат да ги заменат своите возила со комплетно електрични.”
За Mercedes и неговите конкуренти, електричните модели креираат можност за пораст на базата на купувачи.
“Засега не забележуваме канибализација”, додава Сегер. “Интересот за EQ гамата доаѓа од помладите, технолошки ориентирани клиенти. Голем дел од нив се нови клиенти на Mercedes”
EQS SUV ќе биде третиот модел поставен на новата Electric Vehicle Architecture платформа.
Моделот ќе биде дотсапен со заден погон и со погон на сите тркала, а ќе има батерија со капацитет од 107.8kWh која ќе овозможи доволно енергија за автономија од над 600 километри, според WLTP циклусот.
Моделот со еден мотор (EQS 450+) има сила од 355 hp, додека изведбите со два мотори (EQS 580 4MATIC) имаат сила од 536 hp.
Батеријата е составена од 12 ќелиски модули, и користат нова технологија која ја намалува количината на кобалт на помалку од 10%.
На станиците за брзо полнење EQS SUV ќе може да се полни со максимален капацитет од 200 kW, преку користење на полнач со директна струја (DC). Со употреба на вакви полначи, батеријата ќе може да се наполни до 80% за околку половина час.
EQS SUV има идентично меѓуоскино растојание како и EQS седан моделот, но е околу 20-тина сантиметри повисок. Вториот ред на седишта кај SUV моделот може електрично да се поместува, а достапен е и опционалниот трет ред седишта.
Маневрирањето со огромниот SUV е олеснето преку можноста за управување интегрирана на задната оска, која овозможува поместување на задните тркала под агол до 10 степени.