Slider

Вести

Mercedes го откри дигитализираниот ентериер на новата генерација на S-Class

Slider

Покрај дигиталната инструмент табла, возачот пред себе има нов 12,8-инчен екран на централната конзола, а со оглед на функцијата на S-Class како автомобил во кој сопственикот најчесто е на задните седишта, таму се достапни уште три екрани

08/07/2020

Mercedes почна да ја реализира најавата за промоција на новата генерација на S-Class во неколку етапи, а првата е поврзана со технологијата достапна во кокпитот, но и во целата кабина на луксузната лимузина.

Очекувано, знаменосецот носи многу иновации со себе, а главната основа е втората генерација на интелигентниот MBUX систем, кој првпат се појави со актуелната генерација на A-Class, за сега да добие понапредно издание.

Покрај дигиталната инструмент табла со 3D технологија, возачот пред себе има нов 12,8-инчен екран на централната конзола, а со оглед на функцијата на S-Class како автомобил во кој сопственикот најчесто е на задните седишта, таму се достапни уште три екрани.

Сите патници имаат пристап до богатите содржини на инфо-забавниот систем и опциите за поврзување, а по пораката „Hey Mercedes“ може да се комуницира со интелигентниот асистент на дури 27 светски јазици.

Дополнителна надградба е и поврзаноста на системот со сензори и камери кои ја следат ситуацијата во опкружувањето и меѓу другото може да го предупредат патникот на опасност во моментот кога сака да излезе од автомобилот, а во близина има друг учесник во сообраќајот.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider