Slider

Новитети

Mercedes го претстави моделот EQA – електричен кросовер со автономија до 426 км

Slider

20/01/2021

Германски Mercedes-Benz ја прошири понудата на електрични автомобили, денеска претставувајќи го новиот член на EQ семејството.

Се работи за кросоверот EQA, кој ќе биде опција за купувачите кои досега беа привлечени од GLA, но со електричен погон.

Првата изведба на Mercedes EQA, која ќе биде достапна по неколку месеци е EQA 250, што подразбира моќност од 140 kW, како и автономија до 426 километри (WLTP) со едно полнење.

Mercedes најави дека нешто подоцна ќе ја збогати понудата со EQA со 200 kW и погон на четири тркала, како и варијација чија автономија ќе биде поголема од 500 километри.

Целосниот пакет на EQA подразбира привлечен дизајн, модерна архитектура на ентеиерот, каде возачот ќе смета и на MBUX интелигенцијата на инфо-забавниот систем, а тука се и голем број системи за пасивна и активна безбедност.

Производителот најавува дека сериската опрема ќе вклучува целосни LED светла со автоматско управување со долгите светла, 18-инчни тркала, амбиентално осветлување со 64 бои, луксузни седишта, навигација, камера и друго.

Најавената почетна цена без субвенции, според германскиот производител ќе биде 47.540 евра.

Повеќе содржини за електрични модели:

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider