Slide

Вести

Mercedes го скусува времето на развој на супериорни електрични автомобили со помош на својот F1 тим

Slide

За развојот на EQXX биле потребни 18 месеци, а дел од таа технологија ќе стигне и во продажните салони по 2024 година преку нејзино интегрирање во идните продукциски модели на брендот.

03/05/2023

Менаџментот на Mercedes-Benz неодамна го вклучи својот F1 тим во инженерскиот развој на поефикасни продукциски електрични автомобили.

Резултатите на овој потег се скусување на времето за развој за околу 25%, што на германскиот премиум производител му овозможува приближување на развојот до оној на Tesla.

И досега технологијата која се воведува во F1 подоцна го наоѓала своето место во масовно произведените автомобили, но она што Mercedes сака да го направи, е соработката да овозможи овој процес да се одвива паралелно.

Идејата е F1 експертизата да се користи директно во развојот на електричните автомобили.

Минатата година Mercedes го претстави концептот EQXX, супер-ефикасен електричен автомобил со автономија до 1,200 километри со едно полнење на батеријата. Токму овој концепт е резултат на соработката на производителот со својот F1 тим во Англија.

За развојот на EQXX биле потребни 18 месеци, а дел од таа технологија ќе стигне и во продажните салони по 2024 година преку нејзино интегрирање во идните продукциски модели на брендот.

Slide
Slide

Најнови содржини

BMW ja претстави осмата генрерација на 5 Series, заедно со комплетно електрична изведба именувана како i5
Малиот електричен SUV, EX30, ќе има систем за заштита од странична колизија со велосипедисти
Малото електрично возило на Cupra ќе се вика Raval и ќе биде лансирано во 2025 година
Директорот на Opel најавува ефикасна транзиција кон комплетна електрификација до 2028 година