Slide

Вести

Mercedes и BMW се соочуваат со доцнење во реализација на плановите за електрификација

Slide

За Mercedes, предизвиците со кои се соочува во Кина се дел од пречките на патот кои ќе треба да ги помине производителот од Штутгарт на патот до комплетна електрификација до 2030 година.

21/11/2022

Германските премиум автомобилски производители најавија смели цели во однос на транзицијата кон електрични автомобили, но сѐ уште се на самиот почеток во однос на нивната реализација.

Имено, минатата седмица беше објавено дека Mercedes ги намалил цените на моделот EQS во Кина за околу 30-тина илијади евра, по погрешна проценка за можностите на тој пазар.

Развојот на настаните не оди баш со посакуваното темпо за германските производители кои инвестираат многу финансиски средства во обидот да го стигнат американскиот пионер Tesla.

Германските премиум производители се во особено чувствителна ситуација при транзицијата бидејќи нивните производи чинат повеќе поради најновата технологија и луксузни пакети на опрема.

За да можат да ги задржат повисоките маржи ќе мора побргу да ги исполнат очекувањата на клиентите и во однос на електричните погони.

Имено, BMW и Mercedes инвестираат над 100 милијарди евра во развојот на комплетно нова инфраструктура и нови платформи, фабрики за производство на батерии и развој на софтвер за нивните најнови електирчни модели. Планот и целта е преку овие инвестиции тие да ги надминат технолошките ривали.

Проценките на аналитичарите се дека во однос на хардверската компонента, тие ќе бидат сигурни победници. Но, скепсата е во однос на развојот на софверот, со оглед на тоа дека се работи за компании кои повеќе 100 години наназад произведуваат хардвер.

За Mercedes, предизвиците со кои се соочува во Кина се дел од пречките на патот кои ќе треба да ги помине производителот од Штутгарт на патот до комплетна електрификација до 2030 година.

Германскиот гигант VW, пак, иако направи огромни исчекори во електрификацијата со MEB платформата, сепак се соочува со можно кусо одложување на лансирањето на новиот Trinity модел, кој првично требаше да биде лансиран во 2026 година.

И менаџментот на BMW пред неколку седмици најави дека нивните анализи покажуваат можно намалување на капацитетот на луѓето во Европа за купување на нови возила како последица на инфлацијата, што во крајна мера ќе го успори целиот процес на транзиција кон комплетно електрични автомобили.

Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

Opel ги објави деталите за очекуваната електрична изведба на Astra
Екстра перформанси од Audi RS6 Avant Performance и RS7 Sportback Performance
Tesla го овозможи автономното управување кај сите сопственици на возило од нивниот бренд во Северна Америка
VW Group ги стопира рекламните кампањи на Twitter по преземањето на социјалната мрежа од Илон Маск