Slide

Вести

Mercedes ја поздрави одлуката на ЕУ за забрана за продажба на моторите со внатрешно согорување по 2035

Slide

Според регулативата, продажбите на нови патнички возила со мотори со внатрешно согорување во рамките на ЕУ по 2035 година би било незаконски.

13/06/2022

Претставници на VW го нарекоа планот “амбициозен, но остварлив”, како и дека транзицијата на автомобилската индустрија кон електрификацијата е неповратен процес.

Volkswagen Group и Mercedes-Benz најавија дека го сметаат за достижен планот на ЕУ по 2035 сите нови патнички возила во земјите на Унијата да бидат електрични.

Според регулативата, продажбите на нови патнички возила со мотори со внатрешно согорување во рамките на ЕУ по 2035 година би било незаконски.

Минатата седмица Европскиот Парламент го поддржа планот, и покрај обидите на одредени интересни групи, вклучувајќи ја и влијателната германска автомобилска асоцијација (VDA), која се обиде да издејствува наместо 100% намалувањето на моторите со внатрешно согорување да биде 90%.

“Единствен еколошки, технолошки и економски одржлив начин е замената на моторите со внатрешно согорување што е можно побргу”, изјавија од Volkswagen.

И премиум производителот од Штутгарт е на иста линија:

“До 2030 година ние сме подготвени да продаваме само електрични возила доколку пазарните услови тоа го дозволуваат”, изјави за германската новинска агенција DPA, Екарт Фон Клаеден, директорот на Mercedes-Benz за надворешни комуникации.

“Одлуката става притисок кон креаторите на политиките да обезбедат соодветна инфраструктура”, додава тој.

Планот за елиминирање на Co2 емисиите од возилата е дел од пакетот “Fit for 55” на Европската Комисија, чија цел е намалување на штетните гасови во атмосферата.

Од VW изјавија дека поддршката од страна на парламентот им дава помага на автомобилските производители сигурност во планирањето на иднината.

Клучната лоби група во Европа, здружението на европските автомобилски производители (ACEA), изрази поддршка за целите, но повика на следење на неговата имплементација и правење на своевиден пресек во 2030, за да се анализира како овој план се спроведува во пракса.

Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

Volvo наскоро ќе започне произведува каросерии од само неколку големи алуминиумски парчиња
Новата платформа за електрични автомобили на BMW во 2025 ќе ги замени актуелните CLAR и UKL платформи
Volvo во 2026 ќе отвори нова фабрика за производство на електрични автомобили во Словачка
Jaguar го зголеми гарантниот период на 5 години или 150,000 изминати километри