Новитети
Mercedes ја закажа премиерата на новата генерација на C-Class
Mercedes-Benz денеска најави дека премиерата на новата генерација на C-Class ќе се одржи на 23. февруари, с со почеток од 14 часот.
Автомобилот кој одамна беше забележан како ги комплетира последните тестирања во реални услови, сега ќе биде официјално претставен пред јавноста, за наскоро да биде достапен и во продажните салони.
„Надгради ја твојата комфорна зона“ е слоганот со кој C-Class ќе ја продолжи долгата и успешна традиција во средната класа, а Mercedes ќе ги најави и изведбите кои ќе ја комплетираат оваа нова генерација.
Она што производителот веќе го најави е целосна електрификација на C-Class понудата, како и втора генерација на MBUX инфо-забавниот систем кој веќе дебитираше кај S-Class.
Димензиите ќе се променат минимално, но согласно и слоганот, патниците во C-Class може да очекуваат подобар комфор.
Повеќе содржини за седани: