Slide

Стории

Mercedes ќе го намали бројот на дилерствата, во процесот на транзиција кон агенциски модел на продажба

Slide

Во моментов во Германија, Mercedes има околу 1,000 продажни и сервисни центри, додека нивниот број надвор од Германија изнесува 6,500.

25/05/2022

Mercedes-Benz ќе го намали борјот на своите дилерства во Германија за околу 20%, и за околу 10% од дилерствата низ целиот свет, како дел од глобалното реструктурирање на својата дистрибутерска мрежа.

Mercedes, исто така, преминува на таканаречен “агенциски” модел на продажба, со кој, до 2025 година треба да бидат опфатени 80% од продажбите во Европа, распоредени во 20 европски пазари.

Истовремено, германскиот премиум производител, планира една четвртина од своите продажби до 2025 година да бидат направени онлајн.

Според менаџментот на компанијата, преку ова реструктурирање ќе бидат намалени трошоците за дистрибуција, а ќе се овозможи поголем обем на продажни бонуси (insentives). Mercedes-Benz планира и пазарно репозиционирање, при што треба да се зголемат просечните продажни цени на нивните модели.

“Ние сакаме да имаме подиректен однос со купувачите и да имаме подобра контрола на ценовната политика”, изјави Харалд Вилхелм, главниот финансиски директор на Mercedes, за време на минатонеделниот настан на компанијата. “Поради тоа го менуваме системот кој вклучува класични дилерства”.

Според Бетина Фецер, заменик претседател на компанијата задолжена за комуникации и маркетинг, намалувањето на бројот на дилерствата во останатите земји ќе започне во 2025 година, додека во Германија тој процес ќе започне во 2028 година.

“На поголемите и сатурирани пазари немаме потреба и од големи продажни салони”, изјави таа, додавајќи дека спротивно на овој тренд, Mercedes планира да го зголеми бројот на продажни салони во Кина.

“Намалувањето на големите продажни салони ќе се случи истовремено со преминувањето кон директни агенциски продажби”.

Во моментов во Германија, Mercedes има околу 1,000 продажни и сервисни центри, додека нивниот број надвор од Германија изнесува 6,500.

Подбрендовите на Mercedes, имаат и свои засебни продажни центри, како што е случајот со продажниот центар на Maybach во Шангај, AMG центарот во Дубаи и G-Class центарот во Австрија, кој нуди можност за офроуд тест возења.

Минатата година Daimler продаде 25 дилерства во Европа, со цел да ги намали своите трошоци, а истовремено да генерира околу една милијарда евра од продажбите. Овој потег е дел од посеопфатниот план на Ола Калениус, извршниот директор на Mercedes-Benz, kој предвидува намалување на оперативните трошоци за 20%.

Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

Opel ги објави деталите за очекуваната електрична изведба на Astra
Екстра перформанси од Audi RS6 Avant Performance и RS7 Sportback Performance
Tesla го овозможи автономното управување кај сите сопственици на возило од нивниот бренд во Северна Америка
VW Group ги стопира рекламните кампањи на Twitter по преземањето на социјалната мрежа од Илон Маск