Slider

Вести

Mercedes ќе го прекине производството на пик-апот X-Class

Slider

Одделот за комерцијални возила на Mercedes најави дека производството на X-Class во фабриката во Барселона ќе заврши до јуни, информација која германскиот производител ја потврдил за „Аутомотив Њуз“

01/02/2020

Проектот X-Class беше амбициозен и најавен како обид на Mercedes да стигне до сериозен пазарен удел во сегмент каде не беше присутен, но германскиот производител за краток период реши да се повлече.

Пик-апот познат како X-Class дебитираше во 2017 година и во период кога пик-ап сегментот бележеше раст на глобалниот пазар, но очигледно купувачите не се подготвени да платат поголеми суми за модел произведен од премиум бренд, посебно што беше јасно е дека основа на X-Class е Nissan Navara.

Во 2018 година биле продадени само 16.700 примероци во Европа, Австралија и Јужна Африка, а во првите девет месеци од минатата 2019 година биле испорачани уште 10.000 автомобили.

Одделот за комерцијални возила на Mercedes најави дека производството на X-Class во фабриката во Барселона ќе заврши до јуни, информација која германскиот производител ја потврдил за „Аутомотив Њуз“.

X-Class беше пик-ап кој премиум педигрето го оправдуваше со достапни опции кои во најголем дел не се во понудата на мас брендовите, но наиде на разочарувачки фидбек во Јужна Америка, беше премал за да биде конкурентен во Северна Америка, а во Европа купувачите на пик-апи ги користат пред се за професионални обврски или возат помали автомобили.

 

 

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider