Slide 1

Стории

Mercedes ќе користи нови батерии без кобалт и помала автономија во следните генерации на EQA и EQB

Slide 1

Стратегијата на Калениус се базаира на проценката дека дел од купувачите ќе се задоволат со покуси автономии за моделите во пониските сегменти.
Mercedes-EQ, EQB, 2021; Electric Art Line, rose gold; EQB 350 (combined power consumption: 16.2 kWh/100 km, combined CO2 emissions: 0 g/km);Combined power consumption: 16.2 kWh/100 km, combined CO2 emissions: 0 g/km*

29/10/2021

Германскиот премиум производител ќe започне да користи литиум-железо фосфатни батерии за автомобилите во помалите сегменти.

Mercedes-Benz ќе започне да ги користи подостапните, но и помалку моќни батерии во своите модели во помалите сегменти, за да успее да се справи со покачувањето на цените и достапноста на некои од елементите во батериите. Од друга страна, предност на овие батерии е тоа што се карактеризираат како најбезбедни во индустријата.

Mercedes-Benz не е првиот производител кој прави ваков чекор. Tesla веќе ги користи овие батерии за нејзиниот Model 3 кој се произведува во фабриката во Кина, а слична стратегија избра и Volkswagen за најниско позиционираните електрични модели, кои треба да ги носат ознаките ID.1 и ID.2.

Започнувајќи од 2024 односно 2025 година, производителот од Штутгарт ќе ги користи литиум-железо фосфатните батерии за новите генерации на моделите EQA и EQB, според изјавата на Ола Калениус, извршниот директор на Daimler за време на неговата посета во Атланта.

Хемискиот состав на овие батерии овозможува избегнување на користењето на никел за разлика од поскапите (lithium-ion) батерии. Вторите имаат поголеми перформанси, а се вградуваат и во неодамна претставениот EQS, комплетно електричната изведба на знаменосецот S-Class.

Стратегијата на Калениус се базаира на проценката дека дел од купувачите ќе се задоволат со покуси автономии за моделите во пониските сегменти. 

“Веруваме дека голем дел од нашите клиенти ќе возат во урбани средини и нема да имаат потреба од перформанси какви што овозможува E63 AMG” – изјави Калениус, реферирајќи се на спортскиот седан на Mercedes. “Во однос на моделите во пониските сегменти, планираме да користиме литиум-железо фосфатни батерии” – додава тој.

Mercedes ќе инвестира над 40 милијарди евра до крајот на декадата во електрифицирање на гамата на патнички автомобили. Плановите на компанијата вклучуваат развој на електрични модели на три комплетно електрични платформи, кои ќе бидат подготвени започнувајќи од 2025 година. Овој процес ќе се одвива паралелно со изградбата на осум фабрики за производство на батерии низ светот, кои ќе ги гради во соработка со своите партнери – добавувачи.

Најголем дел од автоиндустријата користи никел и кобалт во литиум-јон батериите заради добивање на повеќе пефрорманси и поголема електрична автономија. Сепак, постојат големи ограничувања во набавката на овие елементи. 

Минатата недела Илон Маск изјави дека планира транзиција кон литиум-железо фосфатни батерии за дел од моделите на Tesla. Овие батерии Tesla веќе ги набавува од компанијата CATL (Contemporary Amperex Technology). Оваа компанија во минатото успеа да развие технологија која извлекува повеќе перформанси од батериските компоненти.

CATL, исто така, е добавувач и на поскапите (lithium-ion) батерии за Mercedes EQS, кои содржат и никел. CATL и Mercedes-Benz имаат договор за производство на батерии користејќи ја специалната (cell-to-pack) произвдствена процедура на CATL, која заштедува на тежина и трошоци, преку интегрирање на батериските ќелии директно во батериското пакување.

Преку креирање на заеднички вложувања за производство на батерии, долгорочни договори за набавка на суровини и вложување во нова иновативна технологија, Калениус е убеден дека ќе имаат доволни залихи на батерии за непречено производство на идните електрични модели. 

“Во моментов сè е под контрола. Но не смееме да се опуштиме и да претпоставуваме дека проблемите ќе се решат самите. Мораме активно да се вклучиме и да се обидеме да го менаџираме процесот на обезбедување на компоненти, кој ќе биде отежнат при транзицијата кон производство на електрични автомобили” – завршува Калениус.

Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

Renault ќе го замени Kadjar со Austral – нов компактен SUV кој ќе има и плаг-ин хибридна изведба
Караван изведбата на Opel Astra ќе атакува на позицијата на Skoda Octavia – бестселерот во сегментот во Европа
Porsche во 2024 ќе ги лансира новите батерии со силициумски аноди и 10 пати поголема енергетска густина
Stellantis ја зголеми автономијата на електричните модели на Opel и Peugeot преку нови пневматици од Continental