Skip to content

Новитети

Mercedes-Maybach GLS – Нова интерпретација на SUV ултра-луксуз

Претставена е изведбата Mercedes-Maybach GLS600 4Matic, со 4.0-литарски V8 мотор со 553 коњски сили и вртежен момент од 730 Nm

21/11/2019

Додека најголем дел од автомобилските производители решија да ги претстават своите најнови „засилувања“ во Лос Анџелес, Daimler се концентрираше на автомобилскиот собир во Гвангжу, Кина.

Автомобилскиот пазар каде SUV моделите и големите автомобили се вистински тренд беше домаќин на премиерата на ултра-луксузниот Mercedes-Maybach GLS, кого Германците го претставуваат како нова интепретација на посакуваниот луксуз во SUV сегментот.

Во кабината се употребени материјали од врвен квалитет, а исто така за возачот и патниците се обезбедени услови за тие да се чувствуваат комфорно и најрелаксирано да ги минат делниците во овој модел на Mercedes-Maybach.

Технолошката основа очекувано е преземена од Mercedes GLS, но Maybach одделот со своите надградби го комплетираше автомобилот кој ќе важи за посебно комфорен за патниците на задните седишта, за чие излегување автомобилот се спушта пониско, а автоматски се активираат и „скали“ за попрактично напуштање на кабината.

Престижниот SUV во сериската опрема добива 22-инчни тркала и Multibeam LED светла, а тука е и воздушната суспензија која се грижи за неутрализирање на нерамнините на патот.

Претставена е изведбата Mercedes-Maybach GLS600 4Matic, со 4.0-литарски V8 мотор со 553 коњски сили и вртежен момент од 730 Nm. Благодарение на 48V системот, овој луксузен SUV ќе функционира и како благ хибрид, но „бустира“ и дополнителни коњски сили и вртежен момент.

Најавената потрошувачка е 12 литри, но тоа дефинитивно нема да биде карактеристика за која ќе се грижат купувачите кои ќе можат да си го дозволат Mercedes-Maybach GLS.

Full screenExit full screen

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider
Slider

Send this to a friend