Slider

Новитети

Mercedes-Maybach S-Class: Посебни стандарди за ултра-луксузната класа

Slider

Ултра-луксузниот автомобил е 18 сантиметри подолг од изведбата со поголемо меѓуоскино растојание на класичната S-Class, а не изненадува ни објаснувањето дека секој дополнителен сантиметар им се става на располагање на патниците на задните седишта

19/11/2020

Неодамна претставената нова генерација на Mercedes S-Class, традиционално ги помести стандардите во однос на квалитетите на една луксузна лимузина, но германскиот производител има решение и за оние кои сакаат уште повеќе моќ, комфор и луксузни елементи.

Претпоставувате, се работи за лимузина со потписот на Maybach, поточно Mercedes-Maybach S-Class, која од 2015 година наваму веќе е продадена во над 60.000 примероци.

Ултра-луксузниот автомобил има 18 сантиметри подолго меѓуоскино растјание од изведбата со најголемо меѓуоскино растојание на класичната S-Class, а не изненадува ни објаснувањето дека секој дополнителен сантиметар им се става на располагање на патниците на задните седишта.

Ова е автомобил во кој сопствениците не возат, туку се возени, па затоа и задните седишта/фотелји се достапни екрани, седишта со масажер и затоплување на грбот и рамената на патниците, додаток за испружување на нозете, мини-бар и уште многу други луксузни поволности.

Секако, оваа лимузина од понудата на Maybach ги користи сите напредни безбедносни системи, како и иновативни технологии кои веќе беа претставени кај новата S-Class, a патниците на своја страна ќе ја имаат и воздушната суспензија.

Должината на Mercedes-Maybach S-Class e 5.469 милиметри, a на почетокот на продажбата ќе биде достапна изведба со V8 мотор со моќност од 503, а подоцна ќе пристигне и најмоќната изведба со V12 мотор.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider