Skip to content

Вести

Mercedes нема да учествува на Саемот во Њујорк следната година

Откако на почетокот на оваа година, Мercedes првпат реши да отсуствува во Детроит, раководството потврдило дека во 2020 година нема да учествува ниту во Њујорк

04/12/2019

Брендот Mercedes нема да учествува на Саемот во Њујорк, нешто што Германците не го направиле изминатите четири децении и потег со кој најавуваат дека се поретко ќе бидат дел од класичните автомобилски саеми.

Откако на почетокот на оваа година, Мercedes првпат реши да отсуствува во Детроит, раководството потврдило дека во 2020 година нема да учествува ниту во Њујорк, по што останува уште организаторите на собирот во Лос Анџелес да се обидат да го обезбедат неговото учество и за 2020 година.

Пред две недели, Mercedes паралелно учествуваше на саемите во Лос Анџелес и кинески Гуангжу, но очигледно е дека Германците се почесто ќе се ориентираат кон поинаков тип промоција и претставување на своите нови модели.

– Не знаеме каква е нивниот долгорочен план, брендовите ги менуваат маркетинг стратегиите. Ни останува следната година повторно да искомуницираме за да дознаеме што ќе се случува по 2020 година, – изјавил Марк Шајнберг, првиот човек на Саемот во Њујорк.

Дел од реакциите на дилерската мрежа на Mercedes во САД се негативни, бидејќи се смета дека големите ривали на овој бренд како Audi и Lexus, ќе ја искористат својата шанса и ќе добијат предност кај домашните купувачи со атрактивните премиери кои ќе ги сочуваат за овој саем. Единствената добра вест за нив е што и BMW се откажа од својот настап во Њујорк.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider
Slider

Send this to a friend