Slide

Стории

Mercedes од октомври започнува со третото ниво на автономно управување во две сојузни држави во САД

Slide

Според интернационалниот стандард за 6-те нивоа на автономно управување, третото ниво, во кое спаѓа и Drive Pilot, овозможува функционирање на автопати на брзини до 65 километри на час.

29/09/2023

За само неколку дена од сега, односно започнувајќи од октомври, германскиот премиум производител Mercedes ќе ја активира својата Drive Pilot функционалност во Калифорнија и Невада.

Функционалноста ќе се нуди како дополнителна годишна претплата, а цената за годишна претплата при лансирањето ќе биде 2,500 американски долари.

Функционалноста, која доби дозвола за активација во двете сојузни држави во САД, на почеток ќе се нуди кај неколку од најновите модели на брендот, како што е EQS.

Следната година, функционалноста ќе може да ја активираат и сопствениците на S-Class.

Drive Pilot функционалноста всушност овозможува компјутерскиот систем да ја преземе контролата врз возилото во одредени услови, овозможувајќи му на возаот да се концентрира на други активности, како на пример читање книга или пишување на пораки.

Но, системот може во било кој момент да побара од возачот да ја преземе контролата врз возилото. Доколку за 10 секунди тој не одговори на барањето, системот ќе го сопре возилото.

Според интернационалниот стандард за 6-те нивоа на автономно управување, третото ниво, во кое спаѓа и Drive Pilot, овозможува функционирање на автопати на брзини до 65 километри на час.

Системот користи радар, LiDAR, камери и ултра звучни сензори преку кои добива информации за околината околу возилото.

Slide
Slide

Најнови содржини

Renault започнува нова интернационална офанзива без својот јапонски партнер Nissan
Германските производители нема да учествуваат на престојното Geneva Motor Show 2024
MINI започнува со примената на агенцискиот продажен модел во Европа
Втората генерација на BMW X2 е подолга, повисока и поширока споредено со првата, а добива и електрична изведба