Slide 1

Вести

Mercedes по 2025 ќе лансира само електрични модели, а во 2030 ќе ја сопре продажбата на бензинци и дизели

Slide 1

Во следните 8 години над 40 милијарди евра ќе бидат инвестирани во развој на електрични автомобили.

28/07/2021

Mercedes-Benz го објави својот план за електрификација кој предвидува комплетната транзиција кон производство на исклучиво електрични возила да заврши до 2030 година.

Германскиот производител е последниот во низата кои објавија конкретен рок до кога планираат да произведуваат и продаваат возила со мотори со внатрешно согорување. Тој рок за производителот од Штутгарт изнесува 9 години.

Ола Келениус, CEO на Daimler и Mercedes-Benz го коментира ваквиот чекор на компанијата:

Трансформацијата кон електрични возила се одвива со забрзано темпо, особено во луксузниот сегмент, каде што припаѓа и Mercedes. Моментот на пресврт се приближува, а ние сме подготвени да го следиме пазарот. Нашиот план е до крајот на декадава да започнеме да произведуваме само електрични возила. Оваа транзиција мора да ја направиме брзо, а во исто време да ја задржиме и профитабилноста. Благодарение на нашите вработени кои се квалификувани и мотивирани за да ја спроведат транзицијата, уверен сум дека ќе бидеме успешни и во новата “електрична” ера.

За да ја спроведе електрификацијата, компанијата планира значајна реалокација на ресурсите за истражување и развој. Во следните 8 години над 40 милијарди евра ќе бидат инвестирани во развој на електрични автомобили. 

Mercedes oбјави дека во фаза на развој се три нови електрични платформи кои ќе бидат подготвени до 2025 година. Првата, MB.EA ќе биде основа за производство на средни и големи патнички автомобили, врз основа на AMG.EA ќе се развиваат спортските автомобили за купувачите на AMG моделите, а VAN.EA ќе овозможи проширување на електричната гама со ванови и лесни комерцијални возила.

Овие платформи се неопходни за реализација на планот на производителот да лансира само електрични нови модели во втората половина на декадава. 

Три клучни моменти ќе ја одбележат вака планираната транзицијата до крајот на декадата. 

  • во 2022 Mercedes ќе понуди електрични изведби во сите сегменти во кои има свои модели. 
  • во 2025 ќе престане да комерцијализира нови генерации од тековните бензински и дизел изведби, 
  • во 2030 целосно ќе престане производството на изведбите со мотори со внатрешно согорување.

Клучните поенти од планот за електрификација на Mercedes се следните:

  • Mercedes планира зголемување на производните капацитети за производство на батерии во соработка со своите партнери. Планирана е изградба на осум фабрики за производство на батерии. 
  • Планирани се нови партнерства за производство на батериски келии во Европа.
  • Преку вертикална интеграција (како примерот со аквизицијата на YASA) планирано е зголемување на ефикасноста на електричните погони.
  • Предвидено е да се поедностави процесот на полнење на станиците за брзо полнење, каде ќе нема потреба од идентификација и плаќање од страна на сопствениците на електрични возила. Оваа “Plug and Charge” програма ќе започне фа функционира паралелно со комерцијализацијата на EQS кон крајот на годинава. 
  • Исто така, во план е понатамошно зголемување на вкупната бројка на брзи полначи во рамките на “Mercedes Me Charge” мрежата со што таа треба да надмине половина милион.
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

Специјалнa верзија на Fiat 500X го тестира третото ниво на автономно возење на автопатите во Италија
Citroën претстави нов C3, специјално креиран за Индија и Јужна Америка
Volkswagen, по примерот на Tesla, планира да заработи стотици милиони евра од бесплатните Over-the-Air надградби
Првиот електричен автомобил на Xiaomi ќе пристигне во првата половина од 2024