Slide

Вести

Mercedes подготви гигантски MBUX екран за електричниот EQS

Slide

08/01/2021

Mercedes-Benz неодамна ја претстави новата генерација на S-Class, која вообичаено доаѓа со голем број нови технолошки иновации, но германскиот производител реши да ја отвори 2021 година со уште едно изненадување за фановите.

Најавувајќи го електричниот EQS, Mercedes го претстави џиновскиот екран кој го доби името MBUX Hyperscreen, a кој првпат ќе биде понуден токму во луксузниот електричен автомобил подготвен за премиум купувачите.

MBUX платформата постојано напредува и овозможува иновативни функции и опции за возачите на Mercedes, a во случајов ќе биде комбинирана со гигантски екран кој овозможува естетски посакуван ефект, додека истовремено во себе го носи и потенцијалот на вештачката интелигенција, подготвена да учи од возачот и неговите приоритети.

– MBUX hyperscreen е истовремено мозокот и нервниот систем на автомобилот. Платформата постојано го запознава возачот и го персонализира начинот на користење на инфо-забавниот систем уште пред корисникот да избере некаква опција, – вели Сајад Кан, член на менаџмент Бордот на Mercedes-Benz.

Екранот е широк 141 сантиметар и се протега речиси во цел простор меѓу двата А-столба, додека единствениот аналоген елемент кој е поставен се отворите за воздух, кои фактички прават спој меѓу аналогниот и дигалниот свет претставен преку неколку добро координирани екрани.

Иако се поставени како една целина, во суштина постојат три екрани, односно дигитална инструмент табла, централен екран и екран пред совозачот, од кои два користат OLED технологија за подобар квалитет.

Под површината каде што се екраните се поставени 12 актуатори, кои овозможуваат хаптичка поддршка при користење на опциите од возачот или совозачот, додека заоблениот екран содржи алуминиум-силикат кој спречува гребење на стаклото.

Повеќе содржини за електрични автомобили:

Slide
Slide

Најнови содржини

Renault започнува нова интернационална офанзива без својот јапонски партнер Nissan
Германските производители нема да учествуваат на престојното Geneva Motor Show 2024
MINI започнува со примената на агенцискиот продажен модел во Европа
Втората генерација на BMW X2 е подолга, повисока и поширока споредено со првата, а добива и електрична изведба