Slider

Вести

Mercedes се откажува од мануелните трансмисии и ќе го намали бројот на класични мотори

Slider

Еден од потезите кои се најавени, а кои предизвикаа посебен интерес е целосното исфрлување на мануелните трансмисии од понудата, како и сериозно намалување на моторите со внатрешно согорување кои ќе бидат во понудата

07/10/2020

Групацијата Daimler ја најави новата стратегија поврзана со големиот број електрични модели кои се најавени за наредниов период, но и многу важниот процес на намалување на трошоците поради враќање на профитабилноста на посакувано ниво.

Еден од потезите кои се најавени, а кои предизвикаа посебен интерес е целосното исфрлување на мануелните трансмисии од понудата, како и сериозно намалување на моторите со внатрешно согорување кои ќе бидат во понудата.

– Мора да ја намалиме сложеноста, бидејќи таа значи поголеми трошоци. Ќе го намалиме бројот на идни модели, постепено ќе го намалуваме бројот на платформи, моторите со внатрешно согорување ќе бидат драстично намалени и целосно ќе ги исфрлиме мануелните трансмисии.

– Нашата цел е имплементирање помодуларна стратегија, што ќе значи намалување на опциите, – изјавил Маркус Шефер, предводникот на одделот за истражување и развој во Mercedes-Benz.

Засега нема индикации кога Mercedes ќе стави крај на достапноста на мануелните менувачи, но со оглед на намалената побарувачка и напредокот во однос на електрификацијата каде не се користат, јасно е дека нема да помине многу време до нивната целосна елиминација.

 

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider