Slide

Вести

Mercedes се подготвува за старт на производството на електричниот SUV знаменосец, моделот EQS

Slide

Фотографиите од ентериерот откриваат 56-инчен MBUX Hyperscreen, во кој се сместени инструмент таблата, централниот екран и уште еден екран наменет за совозачот. Слична изведба е достапна и кај EQS седанот.

29/03/2022

Mercedes ќе го произведува луксузниот комплетно електричен SUV со 7 седишта во својата фабрика во САД, од каде ќе се извезуваат моделите наменети за европските пазари.

Mercedes на 19-ти април комплетно ќе го октрие моделот EQS, својот електричен SUV знаменосец, модел кој дополнително ќе ја прошири електричната гама на брендо

Моделот ќе се произведува во фабриката на Mercedes во Алабама, од каде ќе се извезува за глобалните пазари.

Моделот ќе биде трет електричен модел кој ќе биде поставен на EVA платформата. По него се очекува да следи моделот EQE.

Откривањето на EQS е планирано да се софпадне со автомобилскиот саем во Пекинг, а лансирањето на моделот се очекува кон крајот на годинава.

Пред официјалното претставување, Mercedes неодамна обојави официјални фотографии од ентериерот, како и маскирани фотографии од екстериерот.

Производството во фабриката во Алабама се очекува да стартува во јуни. Како поддршка за производството на своите електрични модели, Mercedes во близина отвори и фабрика за производство на батерии. 

Фотографиите од ентериерот откриваат 56-инчен MBUX Hyperscreen, во кој се сместени инструмент таблата, централниот екран и уште еден екран наменет за совозачот. Слична изведба е достапна и кај EQS седанот.

Засега не се објавени технички спецификации за моделот, ниту пак е потврдено неговото име, но доколку седан изведбата е показател, се очекува батеријата со капацитет од 108kWh да овозможи околку 780 километри автономија.

Електричните мотори на предната и задната оска кај EQS седан изведбата има сила од 560kW (достапни се изведби и со еден електричен мотор). 

Slide
Slide

Најнови содржини

Mercedes ќе го намали бројот на дилерствата, во процесот на транзиција кон агенциски модел на продажба
Volkswagen започна да прима нарачки за електричниот ван ID. Buzz, првите испораки – на есен
Презентација на 10 електрифицирани модели од Opel и Peugeot – два од брендовите на Stellantis групацијата
Mercedes за електричната G-Class ќе користи нови батерии со силициумски, наместо графитни аноди