Slide
Slide

Вести

Mercedes e првиот производител кој доби одобрување за користење на третото ниво на автономно управување

Slide
Slide

Производителот доби дозвола да го продава "Drive Pilot" пакетот, кој ќе може да се активира само во рамките на мрежата од автопатишта низ Германија, на брзини до 60 километри на час.

13/12/2021

Одлуката на германското регулаторно тело го отвора патот за производителот да го воведе третото ниво на автономно управување и на останатите пазари.

Mercedes-Benz доби регулаторна дозвола за воведување на нов систем за автономно управување во своите возила. Клучната разлика на овој систем е тоа што откако тој ќе се активира, возачите нема да мораат да ги држат рацете на воланот. Преку добивањето на дозволата, Mercedes ја претрка Tesla во трката за што побрзо воведување на повисоки нивоа на автономно управуавње во Германија – еден од најкомпетитивните автомобилски пазари.

Имено, производителот доби дозвола да го продава “Drive Pilot” пакетот, кој ќе може да се активира само во рамките на мрежата од автопатишта низ Германија, на брзини до 60 километри на час.

Системот е класифициран како трето ниво на автономно управување, едно ниво повисоко од извиканиот Autopilot систем на Tesla, кој сепак, спаѓа во второто ниво на автономно управување

Клучната разлика помеѓу двете нивоа е што при третото ниво, возачите имаат официјална дозвола од производителот да ги тргнат рацете од воланот во рамките на предефинираните брзини.

“Drive Pilot системот им овозможува на возачите да не обрнуваат внимание на сообраќајот и да се фокусираат на други активности”, гласи дел од официјалното соопштение на Mercedes.

“На пример, тие може да комнуницираат со колеги преку виртуелната канцеларија, да пишуваат мејлови, да сурфаат на интернет или да се релаксираат гледајќи филм” – продолжува соопштението.

Освен Tesla, повеќе други компании со години се обидуваат да развијат технологија за автономно управување. 

Се очекува дека комплетното автономно управување ќе биде привлечно за премиум купувачите, бидејќи ќе им овозомжи да ги користат системите за забава во автомобилот, додека патуваат.

Иако дозволата на Mercedes е издадена во Германија, таа ќе биде валидна и во други земји, во моментот штом се усогласи нивната локална регулатива. Производителот веќе најави дека ќе поднесе барања за користење на Drive Pilot системот и во други земји. 

“Штом се усогласи регулативата во САД и Кина, Mercedes-Benz ќе го понуди системот и на тие пазари”, изјави Маркус Шефер, директор за технологија во Daimler.

Веќе во првата половина на 2022 година, Drive Pilot системот ќе биде понуден како опција во моделите S-Class и EQS.

Производителот не објави колку ќе чини вградувањето на овој систем, кој согласно одобрението, во моментов може да се користи на мрежата од автопатишта, односно патна мрежа во вкупна должина од околу 13,000 километри.

Tesla, од друга страна, наиде на проблеми во врска со својата технологија за автономно управување во Германија, откако германски суд ја забрани промоцијата на системот Autopilot, со објаснување дека производителот ги доведува во заблуда возачите за тоа кои се вистинските можности на технологијата.

Директорот на Tesla, Илон Маск одамна нуди оптимистички погледи за способностите на своите автомобили. Неговата компанија отиде дотаму што во 2016 започна да наплаќа илјадници долари за услугата именувана како “Full Self Driving”. 

Денес, 5 години подоцна, официјално Tesla сѐ уште бара од возачите кои го користат Autopilot системот со внимание да ги следат условите на патот и да бидат подготвени да ја преземат контролата над возилото во било кое време.

Германскиот надлежен орган KBA го донесе одобрението во случајот со Mercedes врз основа на техничките барања наложени во регулативите на Обединетите Нации.

“KBA поставува национални, Европски и меѓународни стандарди во однос на безбедноста во сообраќајот при автономно управување”, изјави Ричард Дам, претседателот на KBA.

Но, освен регулативите на ООН, земјите сами донесуваат законска регулатива во однос на тоа каде и како овие системи може да се користат, како и предвидување на одговорноста во случај на несакани сообраќајни незгоди.

Slide 1
Slide
Slide
Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

Renault ги зголеми на цените на моделите за 7%, а ги намали фиксните трошоци за 2 милијарди евра
Раст од 7% на продажбата на Citroën во 2021, и покрај кризата со недостиг на полупроводници
Porsche, независно од Audi и Bentley, развива електричен знаменосец со кодно име K1
Новата генерација на компактот 308 пристигна во салонот на Еуроимпекс