Slider

Вести

MHEV офанзива: BMW најави 48V технологија за повеќе изведби

Slider

Веќе во март и април се очекува голем број варијации во целата гама да ја користат 48V технологијата со стартер/генератор и мала батерија, што е уште еден чекор на Баварците во однос на намалувањето на потрошувачката и емисијата на гасови

16/01/2020

Вториот квартал на 2020 година ќе донесе дополнителни позитивни вести за купувачите на BMW, откако германскиот производител најави зголемување на понудата на модели и изведби кои ќе ја користат технологијата на благ хибрид.

Веќе во март и април се очекува голем број варијации во целата гама да ја користат 48V технологијата со стартер/генератор и мала батерија, што е уште еден чекор на Баварците во однос на намалувањето на потрошувачката и емисијата на гасови.

Користењето на енергијата собрана при сопирање или намалување на брзината ќе биде искористена во одредени фази од возењето за да се намали употребата на моторот, истиот целосно се деактивира при рамномерно возење на брзини над 160 км/ч, а при забрзувањето оваа технологија овозможува и дополнителна моќ од 11 коњски сили.

Според најавите на BMW, „пролетната офанзива“ ќе опфати важни изведби, како што се тие чија основа е 320d, односно xDrive20d изведбите на X3 и X4, кои имаат голем удел во продажбата на овие модели. Од претходно, MHEV технологијата ја користат сите изведби на BMW 520d.

Ова е уште еден чекор во целта на BMW за што побрзо исполнување на 6d нормата која ќе биде задолжителна од следната година, а со имплементирањето на MHEV 48V системот, дури 40 изведби од сите модели ќе влезат во ова друштво.

BMW подготвува и нови изведби, меѓу кои BMW 120d со моќност од 190 коњски сили, како и нов мотор со четири цилиндри за 318i и 318i Touring изведбите со моќност од 156 коњски сили.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider