Slide

Вести

Mini може да го трансформира Clubman во уште еден SUV

Slide

Останува опцијата и Clubman да остане во понудата, а во неа да биде додаден уште еден модел, кој всушност ќе биде поголем кросовер од Countryman

17/12/2019

Во обидот да ја подобри својата позиција на американскиот пазар, Mini може да ја трансформира следната генерација на Clubman во уште еден SUV во својата понуда.

Досегашното искуство на продажната мрежа на Mini во САД покажува дека единствениот SUV, моделот Countryman е премал за американските купувачи, па британскиот производител може да размислува да го направи Clubman нешто поголем SUV со кој ќе се поправи од овој аспект.

Останува опцијата и Clubman да остане во понудата, а во неа да биде додаден уште еден модел, кој всушност ќе биде поголем кросовер од Countryman.

Британскиот магазин „Аутокар“ шпекулира и дека Mini може да се откаже од својата хечбек изведба со три врати и тоа веќе во 2022 година, за кога е најавена новата генерација на основниот модел.

Одговорните ветуваат дека новиот Mini ќе биде многу понапреден и технолошки поткован со многу иновации, но и дека централната конзола во кружна форма останува негов заштитен знак.

Slide
Slide

Најнови содржини

Audi ќе ги именува електричните модели со парни броеви, додека оние со мотори со внатрешно согорување – со непарни
Dacia Sandero е на пат да стане најпродаван модел во Европа во два последователни месеци
Neue Klasse платформата ќе му овозможи на BMW преполовување на трошокот потребен за производство на еден автомобил 
Со EV9, Kia планира да ги претрка конкурентите од Европа и Јапонија во сегментот на големи електрични SUV модели