Новитети
Mini направи темелен фејслифт на својата популарна хечбек екипа
Mini и во 2021 година ќе ги привлекува возачите кои сакаат мини спортист со долга традиција, а возните карактеристики на изведбите на основниот модел ќе бидат инспирација за нови незаборавни моменти зад воланот.
Британскиот бренд најави и освежени изданија на хечбекот, односно изведбите со 3 и 5 врати, кабриолетот, па дури и електричниот SE, кој е актуелен и на нашиот пазар од претходната 2020 година.
Освежување со нови бои, нови мулти-тон комбинации за покривот, како и дополнителни елементи за персонализација на ентериерот и опременоста се меѓу главнит адути на освежениот Mini, a производителот потенцира дека докажаните квалитети се надградени со дополнителна зрелост во повеќе сегменти на овој модел.
Конкретно, купувачите на Mini и една од неговите четири изведби, од оваа пролет, ќе добијат LED светла во основниот пакет, нови спортски седишта, редизајниран 8,8-инчен централен екран, електрична паркирна сопирачка која ќе придонесе за почист изглед на централната конзола, а подобрен е и пакетот со системи за безбедност.
Она што ќе го одвојува освежениот Mini во однос на претходникот, а се однесува на дизајнот на екстериерот, подразбира нов дизајн на хексагоналната маска и браниците со вградени дифузори, како и атрактивната „Union Jack“ графика на задните LED светла во стандардната опрема.
Повеќе содржини за мали автомобили: