Slide

Вести

Mini размислува и за поголем SUV кој ќе биде поставен над Countryman

Slide

27/05/2020

Моделот Countryman не само што е најголем во историјата на Mini, туку се претвори и во еден од поуспешните, со што брендот во сопственост на BMW Group успеа да добие дел од купувачите кои го следат SUV трендот.

Атрактивниот премиум кросовер има сигурна иднина во понудата на Mini, но неговиот успех го натера раководството на производителот да размислува и за уште поголем кросовер/SUV во својата гама.

– Прашањето за поголем модел често си го поставуваме во Mini, се обидуваме да ги утврдиме границите до кои можеме да одиме.

– Моето мислење е дека Mini е синоним за паметни решенија и паметно користење на просторот, а овие два стандарда не говорат ништо за големината на автомобилот, – вели дизејнерскиот шеф Оливер Хајлмер.

Mini Countryman се произведува во Холандија, а за брендот е важно што го продава и во САД и во Кина, каде купувачите се интересираат и за нешто поголемо.

– Countryman е одличен концепт во однос на димензиите, но во земји како САД и Кина очекувањата се поинакви, купувачите очекуваат нешто поголемо. Накратко, не постојат лимити за нас, едноставно се треба да биде во духот на Mini, но тоа не е поврзано со димензиите, – изјавил Хајлмер за „Ауто Експрес“.

Повеќе содржини за SUV модели

Slide
Slide

Најнови содржини

Audi ќе ги именува електричните модели со парни броеви, додека оние со мотори со внатрешно согорување – со непарни
Dacia Sandero е на пат да стане најпродаван модел во Европа во два последователни месеци
Neue Klasse платформата ќе му овозможи на BMW преполовување на трошокот потребен за производство на еден автомобил 
Со EV9, Kia планира да ги претрка конкурентите од Европа и Јапонија во сегментот на големи електрични SUV модели