Вести
Mini Vision Urbanaut – Концепт како визија за иднината на мобилноста
Токму Urbanaut ги отсликува размислувањата на дизајнерите, но и одговорните во редовите на британскиот бренд, а иако самиот концепт засега претставен само дигитално, нема да влезе во сериско производство наредниве години, дел од елементите ќе може да се пронајдат кај следните новитети на Mini
Mini денеска го претстави концептот Urbanaut, со кој ја претстави својота визија за иднината на мобилноста, но и иднината на електричните и автономни моноволумени кои ќе понудат посакуван просторност во кабината.
Сегментот на моноволумени доживеа тежок удар од SUV трендот, но се чини дека овие возила ќе се вратат уште посилни во авто-индустријата, пред се на крилјата на автономното управување во кое приоритет ќе добие функционалноста и просторот во кабината.
Токму Urbanaut ги отсликува размислувањата на дизајнерите, но и одговорните во редовите на британскиот бренд, а иако самиот концепт засега претставен само дигитално, нема да влезе во сериско производство наредниве години, дел од елементите ќе може да се пронајдат кај следните новитети на Mini.
Urbanaut ја претставува еволуцијата на изгледот на маската на Mini која станува осумаголна и во оваа електрична изведба е поклопец на сите напредни елементи поврзани со автономното возење и напредните безбедносни системи. Тука се и светлата, кои се неутрализираат кога не се активирани, a добиваат и повеќебоен matrix дизајн.
Должината на концептот е 4,46 метри, во кабината се влегува преку голема лизгачка странична врата, со што е овозможен лесен влез и на тесните паркинг позиции, предните седишта можат да се свртат обратно, а задните можат да се претворат во софа.