Стории
MINI започнува со примената на агенцискиот продажен модел во Европа
Како што спомнавме, за секоја продажба дилерите ќе добиваат надомест кој според изворите ќе изнесува 5.5% основен надомест плус бонус од 1.9%.
Започнувајќи од 01 јануари 2024 година, BMW Group ќе започне со таканаречениот агенциски модел на продажба, што подразбира директна продажба на своите возила на купувачите.
Новиот малопродажен модел ќе биде лансиран најпрво во Италија, Полска и Шведска, а останатите европски земји ќе го применат малку подоцна.
Автомобилските производители го воведуваат овој модел на директна продажба во Европските земји за да ги стандардизираат онлајн продажбите со оние кои се одвиваат во продажните салони.
Според овој модел, BMW ќе фактурира директно на крајните купувачи, а малопродажните дилери ќе добиваат фиксен надомест за продажбата. На овој начин, ќе се воведе и стандардизирана ценовна политика и транспарентност за купувачите.
Директорот за продажба на BMW, Пиетер Нота, изјави дека буквално сите дилери на MINI во Европа веќе ги склучиле договорите за новиот продажен модел. BMW има околу 700 дилерства за Mini во 24 европски земји.
Новиот продажен модел значи дека од Јануари нарачките директно ќе се внесуваат во системот на BMW Group. Како што спомнавме, за секоја продажба дилерите ќе добиваат надомест кој според изворите ќе изнесува 5.5% основен надомест плус бонус од 1.9%.
За споредба, Audi производител кој ги продава своите електрични возила во Европа преку агенцискиот продажен модел, им исплаќа основен надомест на дилерите во висина од 6% и бонус од 2.5% за секоја продажба. Овој бонус ќе се намали на 1% во 2026 година.