Slide

Новитети

Mitsubishi го лансираше новиот Outlander преку Amazon

Slide

17/02/2021

Mitsubishi официјално ја претстави новата генерација на Outlander, а јапонскиот бренд е и прв кој промоцијата ја реализираше преку стриминг сервисот Amazon.

Outlander доаѓа со свеж и пред се, поробустен изглед кој само дополнително ќе ги привлече SUV купувачите, а производителот потврди дека третиот ред седишта сега доаѓаат во секој примерок на овој модел.

Соработката на Mitsubishi и Nissan како дел од една алијанса најдобро се чувствува кај овој автомобил, бидејќи Outlander ќе користи платформа и други заеднички елементи со Nissan Rogue, кој исто така е одлично позициониран во Северна Америка.

Покрај погонот на сите тркала, Mitsubishi го најави и 2.5-литарскиот бензински мотор со 184 коњски сили, додека и официјално е потврдено дека SUV моделот веќе нема да има дизел варијација во својата понуда.

Во ентериерот Јапонците се потрудиле да го стилизираат изгледот на кокпитот, а вметнати се и 12,3-инчна дигитална инструмент табла и 9-инчен централен екран, како и безжично поврзување со Apple CarPlay и Android Auto.

Иако е најавена и плаг-ин хибрид изведба на новата генерација, додека таа не биде лансирана, Outlander ќе биде достапен со актуелниот PHEV, а Mitsubishi потврди дека приоритет е американскиот пазар и очигледно овој модел не е планиран за во Европа.

Линк за официјалната презентација на Outlander на Amazon

Повеќе содржини за SUV модели:

Slide
Slide

Најнови содржини

Audi ќе ги именува електричните модели со парни броеви, додека оние со мотори со внатрешно согорување – со непарни
Dacia Sandero е на пат да стане најпродаван модел во Европа во два последователни месеци
Neue Klasse платформата ќе му овозможи на BMW преполовување на трошокот потребен за производство на еден автомобил 
Со EV9, Kia планира да ги претрка конкурентите од Европа и Јапонија во сегментот на големи електрични SUV модели