Slider

Вести

Mitsubishi ќе ја „замрзне“ понудата на нови модели во Европа

Slider

Како што пренесува британски „Аутокар“, Mitsubishi не планира да ги понуди новите генерации на актуелните модели во европските земји, со што полека, но сигурно, ќе ја намалува присутноста и понудата на европскиот континент

27/07/2020

Mitsubishi започнува со реализација на новата стратегија, чија главна цел е фокусирање на пазарите во Југоисточна Азија, а тоа значи и почеток на менување на статусот на Европа во плановите на јапонскиот бренд.

Како што пренесува британски „Аутокар“, Mitsubishi не планира да ги понуди новите генерации на актуелните модели во европските земји, со што полека, но сигурно, ќе ја намалува присутноста и понудата на европскиот континент.

Определбата на Mitsubishi да ја зголеми профитабилноста и да се повлече од пазарите каде нема големи бројки е веќе најавена, па овој потег не е изненадување, а се чини дека конечната етапа во која Јапонците ќе мора да одлучат дали целосно ќе се повлечат од Европа е моментот кога актуелните модели нема да ги исполнуваат еколошките норми во ЕУ и Велика Британија.

Автомобили како Space Star, Outlander и L200 наскоро ќе добијат нови генерации, но тие ќе бидат користени само во Азија, каде во моментов Mitsubishi има многу поголем пазарен удел и потреба да биде присутен со најдоброто од својата понуда.

Потезите на Mitsubishi се дел од стратегијата на алијансата, според која доминацијата во Европа ќе ја има Renault, додека Nissan ќе биде присутен со SUV гамата која има солидна популарност.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider