Skip to content

Вести

Mitsubishi најави нова, потрендовска верзија на малиот Space Star

Премиерата на новиот Space Star е закажана за 18 ноември во Тајланд, земјата каде и натаму ќе се одвива производството на овој модел и каде Mitsubishi има неколку фабрики

08/11/2019

Со првата официјална фотографија, Mitsubishi го најави новото издание на моделот Space Star/Mirage, кој и натаму има посебно значење за јапонскиот бренд на европските пазари.

Модернизиран, со потрендовски изглед, Space Star ќе донесе освежување во својот сегмент, а Mitsubishi најавува и пософистициран изглед и поквалитетни материјали при изработката на кок-питот и целата кабина.

Премиерата на новиот Space Star е закажана за 18 ноември во Тајланд, земјата каде и натаму ќе се одвива производството на овој модел и каде Mitsubishi има неколку фабрики.

Малиот Space Star до септември беше продаден во речиси 30.000 примероци во земјите од Европската Унија, што значи минимален раст во однос на првите девет месеци од претходната година. Производителот наведува дека во претходната фискална година (1 април 2018-30 март 2019), Space Star е продаден во 140.000 примероци на глобално ниво.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider
Slider

Send this to a friend