Вести
Mitsubishi од 2023 година ќе понуди два нови модела во Европа
Mitsubishi првично најави дека ќе се повлече од европските пазари, но јапонскиот производител сега најави пресврт и понуда на нови модели од 2023 година.
Соработката меѓу Mitsubishi и Renault во рамките на актуелната алијанса му овозможи на јапонскиот бренд да ја искористи опцијата за производство на два модела во фабриките на Renault, а истите ќе бидат наменети за европските купувачи.
Процесот ќе стартува во 2023 година, при што ќе биде користена техничко-технолошката основа на два модела на Renault чие име засега не се објавува.
Ако се знае дека Mitsubishi планира да го задржи Eclipse Cross, претпоставките одат натаму дека Јапонците може да ги искористат Clio и Captur како основа за свои идни модели, кои ќе добијат дизајн соодветен на филозофијата на брендот.
Неодамна Mitsubishi ја претстави новата генерација на Outlander, но засега нема најави дека таа ќе биде понудена на европските пазари.