Slide

Стории

MMA и MB.EA платформите ќе овозможат 10 kWh потрошувачка на 100 km за електричните модели на Mercedes

Slide

EQXX ќе "троши" samo 10 kWh на 100 километри, споредено со тековните модели на Mercedes кои трошат околу 15 kWh или повеќе. Унапредувањето се очекува да придонесе за значително поголеми автономии. EQXX, ќе може да помине над 1,000 km со едно полнење на батеријата.
Mercedes-Benz VISION EQXX, exterior

19/01/2022

Компонентите за тековните модели пристигнуваат од добавувачите ZF и Valeo-Siemens.

Mercedes-Benz планира, започнувајќи од 2024, самостојно да ги произведува компонентите за новите MMA и MB.EA електрични платформи.

“За да го оствариме ова, ние значително ја зголемуваме длабочината на додадената вредност и правиме промени кои ќе го доведат производството на електричните погони во нашата компанија”, изјави Маркус Шефер, директор за развој во Daimler. “Засега, електричните погони пристигнуваат од нашите добавувачи”, додава тој.

Помеѓу добавувачите се издвојува ZF Friedrichshafen, компанија која го производува погонот за електричниот SUV модел EQC, како и Valeo Siemens eAutomotive, кој е добавувач за електричните мотори за EQS – луксузниот електричен знаменосец на брендот.

“Ние сакаме да имаме комплетна контрола над целиот систем кој го сочинува електричниот мотор, батеријата и електрониката, слично како кај моторите со внатрешно согорување”, изјави Шефер. Тука е и инверторот кој ја трансферира енергијата од батеријата во електричниот мотор. Според Шефер сѐ уште не е одлучено дали производителот самостојно ќе го произведува и инверторот.

Mercedes неодамна, преку Vision EQXX концептот, делумно покажа како ќе изгледа новиот погон. 

Овој концепт предвидува двојно помал потребен простор за да се инсталира идентичен батериски капацитет. Во исто време тој е за една третина полесен и има висока ефикасност.

EQXX ќе “троши” samo 10 kWh на 100 километри, споредено со тековните модели на Mercedes кои трошат околу 15 kWh или повеќе. Унапредувањето се очекува да придонесе за значително поголеми автономии. EQXX, ќе може да помине над 1,000 km со едно полнење на батеријата.

Истовремено со транзицијата на брендот кон електричниот погон, производителот ги адаптира и производните капацитети. 

Mercedes веќе објави дека во Берлин ќе ги произведува високо перформансните електрични мотори, кои се развиваат во соработка со британскиот стартап Yasa – компанија која беше купена од страна на Daimler.

Уште еден тип на електричен мотор за помали возила ќе се произведува во фабриката на Mercedes во Унтертуркхајм. Дополнително, наскоро ќе бидат подготвени батериските ќелии развиени интерно од страна на Mercedes.

Mercedes ја најави изградбата на четири фабрики во Европа во соработка со неколку партнери. Еден од нив е компанијата ACC, во која покрај Mercedes, сопственички удели имаат и Stellantis и Total. Првите две гига-фабрики на ACC ќе бидат лоцирани во Дуврин, Франција и Кајзерслаутерн, Германија.

“ACC ќе биде европски лидер во производство на батерии и секако дека ќе им бидат потребни повеќе од две фабрики” изјави Шефер.

Slide
Slide

Најнови содржини

Mercedes ќе го намали бројот на дилерствата, во процесот на транзиција кон агенциски модел на продажба
Volkswagen започна да прима нарачки за електричниот ван ID. Buzz, првите испораки – на есен
Презентација на 10 електрифицирани модели од Opel и Peugeot – два од брендовите на Stellantis групацијата
Mercedes за електричната G-Class ќе користи нови батерии со силициумски, наместо графитни аноди