Slider

Новитети

Многумина ја отпишаа, но Lancia Ypsilon секогаш се враќа со поубава насмевка

Slider

05/02/2021

Италијанскиот бренд Lancia се сведе на само еден модел и на продажба само на домашна територија, но и тоа беше доволно за производителот кој во минатото имаше многу фанови, да преживее на автомобилската сцена.

Новата групација Stellantis најави дека Lancia ќе продолжи да опстојува и тоа како премиум бренд, а дотогаш одговор за скептиците и оние кои одамна и припишаа „истребување“ е новата насмевка на Ypsilon.

Моделот има традиција од 35 години, во кои е продаден во над 3 милиони примероци, а освежувањето за 2021 година носи ревизија на повеќе елементи за задржување на повеќе од солидната позиција во Италија.

Lancia Ypsilon ја заврши 2020 година како втор најпродаван модел на „чизмата“ (зад Fiat Panda), а сега има уште посилен ветер во грб, со надградбата која е поврзана со дизајнот и технологијата.

Новите дневни LED светла ја освежуваат насмевката на Ypsilon, па заедно со рестилизираната маска, малата Lancia стигнува и до поелегантен настап на улица.

Ypsilon добива и 7-инчен екран осетлив на допир, компатибилен со Apple CarPlay и Android Auto, a промени и во однос на материјалите употребени во ентериерот и системот за филтрација на воздухот во кабината.

Главен адут на Lancia Ypsilon во однос на погонските единици останува mild hybrid изведбата, која располага со 70 коњски сили, а на возачот му овозможува солидни економичност и перформанси.

Повеќе содржини за мали автомобили:

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider