Slide 1

Вести

Мобилноста според визијата на Citroën е во мулти-функционална платформа и кабини во зависност од потребата

Slide 1

Од технички аспект, се работи за платформа на елетричен погон во која е вградена и батеријата, a на која може да се постават различни кабински модули во зависност од потребата.

04/10/2021

Градските такси возила на идинната не мора да бидат безлични кабини на тркала. Наместо тоа, може да бидат составени од повеќенаменска платформа на која, во зависност од потребата, ќе се монтираат различни форми на кабини.

Citroën неодамна претстави три вакви форми на кабини, а технологијата за автономното управување е развиена од страна на Waymo, компанија во сопственост на Google.

Citroën размислува за иднината на мобилноста во градовите. Сè поголем е бројот на метрополите кои го забрануваат пристапот на возилата во централните градски подрачја. За да се овозможи мобилноста на жителите и посетителите, наскоро може да очекуваме автономни превозни средства – како оние кои ги претстави францускиот производител Citroën.

Од технички аспект, се работи за платформа на елетричен погон во која е вградена и батеријата, a на која може да се постават различни кабински модули во зависност од потребата. 

За да можеме полесно да ја разбереме идејата на Citroën, производителот претстави три варијанти на кабини. Едната потсетува на кочија од 19-тиот век, а нејзината намена е транспорт на патници низ градските реони. При влезот е поставен голем дисплеј на кој се претставени информации за рутата и станиците, а влезот е доволно голем за да може да се внесе и инвалидска количка.

Вториот модул е всушност фитнес студио на тркала. Оние патници кои патуваат подолго до своите работни места, може да го искористат времето за фитнес активности додека се наоѓаат во кабината. Беа претставени две фитнес активности – веслање и возење импровизиран велосипед. Секако, на големиот дисплеј се наоѓа омилената фитнес апликација, чија цел е да ја зголеми мотивацијата и да ги анимира патникот.

Третиот модул се состои од удобни софи и ладни пијалоци, па амбиентот е сличен на оној во урбаните градски кафулиња. Според презентацијата, електричната платформа може да се придвижува и без прикачена кабина, што и овозможува автономно да се движи и да се постави под кабината, по што може да се поврзе со неа преку четири електрични цилиндри. Во овие цилиндри е интегрирана и суспензијата. Според дизајнерите на Citroën, платформата може самата да се движи кон станица за брзо полнење. Ова автономно возило ќе може да се користи околу 20 часа во текот на денот, а полнењето ќе трае околу четири часа.

Групацијата Stellantis, чиј член е Citroën, ја развива технологијата за автономно возење во соработка со компанијата Weymo, која е во сопственост на Google. Иако Waymo има голем напредок во развојот на автономното возење, сепак, од Citroën се претпазливи во ветувањата во однос на сериско производство на вакви возила, па ја користат фразата “по 2025 година”.

Под логото на Citroën се поставени четири ласери кои ја скенираат околината. Логоата поставени напред и одзади имаат уште една функција – ја означуваат насоката во која ќе се движи возилото. Доколку светат црвено – возилото ќе се движи наназад, доколку светат бело – тоа ќе се движи напред. 

Инаку, автономните возила не треба да се движат со брзини поголеми од 25 km/h и би требало да имаат сопствени коловозни линии, за да се олесни комплексноста на контролните алгоритми. Можеби 25 km/h на прв поглед делува споро, но градовите како Париз, на пример, веќе воведоа забрана за движење со брзини повисоки од 30 km/h. 

Трите идеи за кабинските модули се само примери за можни имплементации кои беа избрани од 50-тина предлози. Но, нивната екстравагантност не значи дека визијата нема да биде применлива. Голема е веројатноста дека во иднина дел од кабинските модули ќе изгледаат слично на денешните ванови или патнички возила што ќе овозможи масовнвна примена на ваквата идеја.

Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

Renault ќе го замени Kadjar со Austral – нов компактен SUV кој ќе има и плаг-ин хибридна изведба
Караван изведбата на Opel Astra ќе атакува на позицијата на Skoda Octavia – бестселерот во сегментот во Европа
Porsche во 2024 ќе ги лансира новите батерии со силициумски аноди и 10 пати поголема енергетска густина
Stellantis ја зголеми автономијата на електричните модели на Opel и Peugeot преку нови пневматици од Continental