Slide

Новитети

Модел од насловна страна: 208 GT Line е доказ дека Peugeot сака да ги поместува стандардите

Slide

Ова Peugeot ќе изгледа атрактивно во сита варијации, вклучувајќи ја и почетната Active верзија која ќе им биде ценовно најдостапна на актуелните и идните фанови на 208, но токму со GT Line ќе се почувствува целата моќ на магијата која знаат да ја испорача Видал, но и инженерите на францускиот бренд

05/11/2019

Октомврискиот старт на продажбата на новата генерација на Peugeot 208 значи дека за првичните резултати од приемот кај купувачите ќе мора да се почека до почетокот на следниот месец, но Французите тврдат дека интересот е голем.

Француските купувачи први имаат пристап до новиот 208, кој истовремено започна да се продава и на другите поголеми европски пазари, а во регионов, новиот Peugeot 208 се очекува да пристигне во јануари, 2020 година. Бројките на субкомпактот дополнително ќе се зголемат откако следната година ќе започне комерцијализацијата и на електричната изведба, прва во историјата на серијата 2 (205, 206, 207, 208) на „лавот“, која од 1983 година има испорачано над 22 милиони примероци.

Првичните информации од Peugeot кои доаѓаат од Франција е дека не само што постои голем интерес за 208, туку и дека како никогаш досега, учеството на GT Line опременоста има импресивен удел во продажбата. Највисокото ниво на опременост подразбира дека Peugeot 208 ќе пристигне во верзија која максимално ќе го истакне успешниот концепт на дизајнерскиот тим предводен од Жил Видал.

– Новиот 208 покажува што значи „wow ефектот“ кај еден автомобил, ги надминавме очекувањата и во однос на квантитетот, но и во однос на квалитетот. Обично на почетокот на продажбата е зголемен интересот за поскапите изведби, но продажбата на 208 GT Line овој пат ги надминува сите очекувања и речиси 50 проценти од продадените примероци се со ваков финиш, – вели Гијом Кузи, првиот човек на Peugeot во Франција.

Уникатна GT маска, целосни LED светла, автономно сопирање, сензори и камера за паркирање од најновата генерација, стартување на моторот на копче, i-Cockpit со 3D интерфејс, 10-инчен екран, спортски седишта, 3D навигација, црн спојлер, 17-инчни тркала и дополнителни два USB приклучоци за задната клупа се само дел од елементите кои ќе ги добијат купувачите кои ќе го изберат GT Line нивото на опременост кај Peugeot 208.

Инвестицијата во вака дотеран 208 ќе покаже колку купувачите го ценат овој автомобил, а премиум квалитетите ќе бидат надополнети со возните карактеристики и комфорот кои доаѓаат како додадена вредност на хечбекот кој порасна до 4,05 метри и гарантира повеќе простор и на задната клупа.

Peugeot-208-GTLine10
Peugeot-208-GTLine8
Peugeot-208-GTLine9
Peugeot-208-GTLine7
Peugeot-208-GTLine6
Peugeot-208-GTLine5
Peugeot-208-GTLine4
Peugeot-208-GTLine3
Peugeot-208-GTLine2
Peugeot-208-GTLine1

Exit full screenEnter Full screen

Конкуренцијата чека зад аголот, но во Peugeot се убедени дека имаат материјал со кој GT Line ќе биде прифатен како предизвик за кој вреди да се инвестира повеќе и да ужива секојдневно и различно од другите. Овој автомобил ќе биде уникатен на улица, максимално безбеден во сите услови на патот и ќе ги предизвика ривалите со степенот на дизајнерско освежување кое кај GT Line изведбата на новата генерација може да се нарече и револуција.

Новиот Peugeot 208 ќе изгледа атрактивно во сите варијации, вклучувајќи ја и почетната Active верзија која ќе им биде ценовно најдостапна на актуелните и идните фанови на 208, но токму со GT Line ќе се почувствува целата моќ на магијата која знаат да ја испорачаат Видал и неговите соработници, но и инженерите на францускиот бренд.

Peugeot 208 во GT Line комбинација ќе биде достапен со бензинскиот мотор со 100 и 130 коњски сили, со можност да се комбинира со 6-степена мануелна и 8-степена автоматска трансмисија, како и со 1.5-литарскиот BlueHDi агрегат со 100 коњски сили и 6-степена мануелна трансмисија. Веројатно највозбудливата и најинтригантната комбинација за купувачите ќе биде електричен 208 со GT ознака.

Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

VW T-Roc e бестселер во Европа во втор последователен месец , пред Dacia Sandero и Peugeot 208
Porsche од денес котира на берзата во Франкфурт, вкупната вредност на компанијата изнесува 78 милијарди евра
Citroën го објави своето ново лого, десетто по ред во 103-годишната историја на брендот
Третата генерација на Range Rover Sport пристигна во Македонија, беше претставена на свечен настан