Slide 1

Вести

Моделите 208 и 2008 му донесоа најголем пазарен удел на Peugeot во Франција

Slide 1

Најголем придонес за вкупниот раст на пазарниот удел на брендот имаат двата нови модели - 208 и 2008, кои се најпродавани модели во своите сегменти.

05/10/2021

Лансирањето на новите генерации на 208 и 2008 му овозможија на брендот Peugeot да постигне неколку значајни успеси во првите 9 месеци од годинава, особено на домашен терен.

Имено, растот на продажбите на овие два модела придонесе за зголемување на пазарниот удел на патничките возила на брендот на 17.3% со што Peugeot ја задржа првата позиција на домашен терен. 

Најголем придонес за вкупниот раст на пазарниот удел на брендот имаат двата нови модели – 208 и 2008, кои се најпродавани модели во своите сегменти.

Овие два модели, освен што се лидери во своите сегменти, одлично се позиционирани и кога ќе се земат предвид сите сегменти. Имено, моделот 208 со 5.2% е апсолутен лидер споредено со сите модели од било кој сегмент, а компактниот SUV 2008, со 4.3% е на одличната трета позиција.

Освен овие два модела, лидер во својот сегмент е и 3008, моделот во C-SUV сегментот, кој неодамна доживеа фејслифт.

Пазарниот удел на брендот за лесните комерцијални возила изнесува 17,9%.

Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

Renault ќе го замени Kadjar со Austral – нов компактен SUV кој ќе има и плаг-ин хибридна изведба
Караван изведбата на Opel Astra ќе атакува на позицијата на Skoda Octavia – бестселерот во сегментот во Европа
Porsche во 2024 ќе ги лансира новите батерии со силициумски аноди и 10 пати поголема енергетска густина
Stellantis ја зголеми автономијата на електричните модели на Opel и Peugeot преку нови пневматици од Continental