Slide
Slide

Вести

Моделите на Citroën, Fiat, Peugeot и Opel од 2024 ќе овозможат трето ниво на автономно управување

Slide
Slide

"Првите функционалности од третото ниво на автономно управување ќе бидат воведени во 2024 година", изјави Јоаким Лангенвалтер, директор за вештачка интелигенција, софтвер и хардвер во групацијата, за време на онлајн презентацијата.

13/12/2021

Технологијата која ќе го овозможи ова е развивана во партнерство со BMW.

Групацијата Stellantis ќе воведе трето ниво на автономно управување во моделите на своите брендови, меѓу кои се наоѓаат и Fiat, Opel, Peugeot, Citroën и Alfa Romeo.

Новата технологија, која ќе му овозможи на возачот да му го препушти управувањето на автомобилот, се развива во рамките на партнерството помеѓу Stellantis и BMW.

При објавувањето на новата стратегија во однос на софтверот, од Stellantis информираа дека до 2030 година планираат да генерираат дополнителни 20 милијарди евра приход како резултат на функционалности кои произлегуваат од софтверот во нивните возила.

“Првите функционалности од третото ниво на автономно управување ќе бидат воведени во 2024 година”, изјави Јоаким Лангенвалтер, директор за вештачка интелигенција, софтвер и хардвер во групацијата, за време на онлајн презентацијата. 

Менаџментот на Stellantis не откри детали за тоа кои од 14-те брендови ќе бидат меѓу првите кои ќе ја добијат оваа технологија, но забележливо беше тоа што на слајдот на кој беа наведени плановите, имаше фотографија од Alfa Romeo, што веројатно навестува дека предност ќе добијат трите премиум брендови од групацијата.

BMW веќе од следната 2022 година ќе започне во дел од своите модели да ја вградува технологијата која овозможува трето ниво на автономно управување.

Неофицијално, се очекува луксузниот 7 Series седан да биде првиот модел кој ќе вклучува ваква технологија.

Соработката на Stellantis со BMW е продолжување на партнерството помеѓу FCA групацијата, Intel (преку нивната дивизија Mobileye) и BMW, кое беше воспоставено во 2017 година.

FCA во меѓувреме се спои со PSA Group, при што се формираше големата групација Stellantis.

Stellantis планира да имплементира три нови софтверски платформи именувани како STLA Brain, STLA SmartCockpit и STLA AutoDrive.

Првата, STLA Brain ќе биде воведена во 2024 и ќе овозможи преку безжични ОТА (over-the-air) надградби да биде имплементирана можноста за hands-free управување, кое е суштински дел од третото ниво на автономно управување во возилата.

За имплементирање на четвртото и петтото ниво на автономно управување, Stellantis соработува и со компанијата Waymo (во сопственост на Google/Alphabet). 

Waymo веќе неколку години има дозвола за тестирање на четвртото ниво на автономија низ патиштата во САД.

Од минатиот октомври Waymo во Аризона спроведува тестирања на 5-тото ниво на автономно управување, користејќи примероци од моделот Pacifica, хибридниот ван на брендот Chrysler (еден од 14-те брендови на Stellantis).

Тестирањата, кои се спроведуваат во неколку мали градови, во рамките на 260 квадратни километри, се во форма на такси услуга наречена Waymo One.

Било кој жител на овие градови кој има кредитна/дебитна картичка и мобилен телефон може да повика и да се вози со такси возило, во кое нема возач.

Slide 1
Slide
Slide
Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

MMA и MB.EA платформите ќе овозможат 10 kWh потрошувачка на 100 km за електричните модели на Mercedes
Renault ги зголеми на цените на моделите за 7%, а ги намали фиксните трошоци за 2 милијарди евра
Раст од 7% на продажбата на Citroën во 2021, и покрај кризата со недостиг на полупроводници
Porsche, независно од Audi и Bentley, развива електричен знаменосец со кодно име K1