Slider

Вести

Моделот Urus учествува со повеќе од половина од продажбата на Lamborghini

Slider

17/02/2021

SUV трендот е актуелен и во продажните салони на Lamborghini, па првата генерација на Urus без проблеми ја имал улогата на бестселер на италијанскиот бренд и во 2020 година.

Коронавирусот предизвика застој на производството во првиот дел од годината, но и рекордна продукција во вториот, па луксузните спортисти на Lamborghini стигнале до 7.430 нови купувачи во текот на претходната година.

Од нив дури 4.391 биле токму Urus, а потоа следуваат Huracan и Aventador.

Тоа значи дека Lambo добро се снајде во комплексната календарска година и забележа мал пад, а американскиот пазар останува најважен за овој бренд.

Дури 2.224 нови автомобили биле испорачани токму во САД, додека на второто место се купувачите од Германија, земја каде биле продадени 607 нови автомобили.

Следуваат Кина, Јапонија и Велика Британија, со напомена дека најголем раст е забележан во Јужна Кореја и Германија.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider