Slide

Стории

Модерна алтернатива: Колку трошат плаг-ин хибридите на автопат со ниско ниво на батеријата?

Slide

Она што дополнително може да се смета за комплимент за плаг-ин хибрид моделите е и фактот што со реално возење и детектирана потрошувачка, дел од нив на автопат со низок капацитет на батеријата трошат исто или помалку дури и од своите хибридни (самополнечки) изведби

25/02/2020

Во периодот кога купувачите и инфраструктурата не се подготвени за целосно префрлување на електрични автомобили, плаг-ин хибридите делуваат како одлична преодна алтернатива.

Од една страна, користењето на енергијата складирана во батеријата овозможува автономија на електричен погон во урбаните средини, а горивото е тука за да овозможи релаксирани излети на подолги делници, без грижа околу тоа каде ќе биде наполнета батеријата, како што би бил случајот со електро-мобилите.

Но, една од работите кои купувачите сакаат да ја знаат е колку гориво (најчесто бензин) трошат плаг-ин хибридите кога ќе останат со минимално ниво на енергија во батеријата и кога таа има минимален удел во погонувањето на автомобилот. Нешто што најчесто се случува на возење на отворено, односно на автопат.

Италијанската редакција на „Motor1“ ги искористи своите чести тестови на реална потрошувачка при возење на автопат за да направи споредба и меѓу плаг-ин хибридите, односно да открие дека овие електрифицирани модели пријатно изненадуваат со својата економичност и кога батеријата е на ниско ниво на наполнетост.

Просечна потрошувачка на автопат со ниско ниво на батеријата

Модел l/100 km Капацитет на батерија Тежина (kg)
Toyota Prius PHEV 4,2 8,8 kWh 1.530
Hyundai Ioniq PHEV 5,2 8,9 kWh 1.570
Kia Niro PHEV 5,7 8,9 kWh 1.576
Mercedes E 300 de EQ 5,8 13,5 kWh 1.985
Mini Cooper SE Countryman 6,8 7,6 kWh 1.775
BMW 225xe Active Tourer 7,0 7,7 kWh 1.750
Volvo V90 T8 Twin Engine 8,7 10,4 kWh 2.050
Mitsubishi Outlander PHEV 9,0 13,8 kWh 1.995
Audi Q5 55 TFSI e quattro 9,0 14,1 kWh 2.105
Ranger Rover Sport P400e 9,3 13,0 kWh 2.539

 

Она што дополнително може да се смета за комплимент за плаг-ин хибрид моделите е и фактот што со реално возење и детектирана потрошувачка, дел од нив на автопат со низок капацитет на батеријата трошат исто или помалку дури и од своите хибридни (самополнечки) изведби. Во оваа насока оди и фактот што PHEV изведбите се блиску до дизелите на автопат, а ќе имаат голема предност во урбаните средини со наполнета батерија.

Споредба на потрошувачка на автопат на PHEV и слична изведба на еден ист модел

PHEV модел l/100 km Хибрид/дизел модел l/100 km
Toyota Prius PHEV 4,2 Toyota Prius AWD-i 4,9
Hyundai Ioniq PHEV 5,2 Hyundai Ioniq 5,2
Kia Niro PHEV 5,7 Kia Niro 6,4
Mercedes E 300 de EQ 5,8 Mercedes E200 d Cabrio 5,0
Mini Cooper SE Countryman 6,8 Mini Cooper D Countryman 6,2
Audi Q5 55 TFSI e quattro 9,0 Audi Q5 3.0 TDI 7,2

 

Ако некој се уште се сомнева во капацитетот на плаг-ин хибридите и нивната коректна потрошувачка дури и со ниско ниво на наполнетост на батеријата, ова се бројките утврдени како просечна потрошувачка при возење во градски и приградски услови.

Toyota Prius PHEV 3,5
Hyundai Ioniq PHEV 4,0
Kia Niro PHEV 4,0
Mercedes E 300 de EQ 5,1
Mini Cooper SE Countryman 8,0
BMW 225xe Active Tourer 8,0
Volvo V90 T8 Twin Engine 7,5
Mitsubishi Outlander PHEV 7,0
Audi Q5 55 TFSI e quattro 8,0
Ranger Rover Sport P400e 10,0
Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

Новата платформа за електрични автомобили на BMW во 2025 ќе ги замени актуелните CLAR и UKL платформи
Volvo во 2026 ќе отвори нова фабрика за производство на електрични автомобили во Словачка
Jaguar го зголеми гарантниот период на 5 години или 150,000 изминати километри
Денес на авто-производителите им се потребни 127 работници за производство на 1,000 возила, споредено со 89-те во 2020