Slider

Новитети

Модерната Opel Mokka со докажани класични мотори и атрактивна GS Line изведба

Slider

Mokka GS Line ќе биде препознатлив по црвените рамки на прозорците, ункатниот дизајн на тркалата со црни детали, црвени детали во ентериерот, „визир“ во сјајна црна броја и други детали кои го прават навистина импресивен претставник на моделот

02/09/2020

По нешто од повеќе од два месеца од премиерата на електричната Mokka, Opel денеска ги објави деталите за изведбите со класичен погон на новата генерација на кросоверот.

Модерниот дизајн заокружен со специфичниот преден дел наречен „визир“ кој изгледа футуристички, но влече корени од легендарната Manta, ја прави Mokka навистина интригантна и поразлична од конкуренцијата.

Новата Mokka е 12,5 сантиметри пократка од претходникот, но има поголемо меѓуоскино растојание, а со тоа и повеќе простор за патниците на задната клупа. Вкупната должина е 4,15 метри, а капацитетот на багажникот солидни 350 литри.

Деталите поврзани со погонските единици потврдуваат дека Opel Mokka ќе биде достапен со 1.2-литарските турбо бензинци со 100 и 130 коњски сили, како и со 1.5-литарскиот турбо дизел мотор со 110 коњски сили, во комбинација со шест-степена мануелна трансмисија.

Opel реши да ги вметне последните техолошки иновации во однос на безбедноста, па Mokka може да се добие и со адаптивен темпомат, а во таа насока оди и осветлувањето, бидејќи на располагање се напредните IntelliLux LED matrix светлата.

Трендовскиот изглед е очекуван и во ентериерот, а покрај стандарниот 7-инчен централен екран, на располагање е и опцијата за 10-инчен екран со навигација и високо ниво на конективност.

Заедно со промоцијата на карактеристиките на Mokka во изведбите со мотори со внатрешно согорување, Opel ја потенцира и GS Line изведбата, која добива специфичен дизајнерски потпис.

Mokka GS Line ќе биде препознатлив по црвените рамки на прозорците, ункатниот дизајн на тркалата со црни детали, црвени детали во ентериерот, „визир“ во сјајна црна броја и други детали кои го прават навистина импресивен претставник на моделот.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider