Skip to content

Новитети

Моќен пaкет за SUV заводниците: RS Q3 и Q3 Sportback добиваат по 400 коњски сили

26/09/2019

Audi го надгради Q3 семејството со RS изведби на новата генерација на компактниот SUV, но и Q3 Sportback моделот кој неодамна дебитираше на Саемот во Франкфурт.

Вообичаената практичност и универзални премиум вредности на Q3 и Q3 Sportback се надополнети со помоќни перформанси и  дизајнерски елементи кои ги истакнуваат спортските атрибути, вклучувајќи ги затегнатите мускули на силуетата, спојлерот и двојниот издув сместен на специјалниот RS браник.

Главниот квалитет на Audi RS Q3 и RS Q3 Sportback ќе биде наградуваниот 2.5-литарски мотор кој испорачува дури 400 коњски сили и максимален вртежен момент од 480 Nm, достапен во распон од 1.950 до 5.850 вртежи во минута.

Ревидираната верзија на моторот со пет цилиндри носи намалена тежина која сега изнесува само 26 килограми, но и намалени димензии, а промените на материјалот од кој е направено коленестото вратило и други елементи, како и дел од процесите во моторот влијаат на намалување на внатрешното триење и го прави агрегатот поефикасен. За спринтот до стотка на двата автомобила им се потребни 4,5 секунди, а нивната просечна потрошувачка е околу 9 литри на 100 километри.

Audi RS Q3 Sportback
Audi RS Q3 Sportback
Audi RS Q3 Sportback
Освежувањето во SUV понудата на Audi импресионира со купе силуетата, а ќе располага и со моќна RS изведба

Ротирајте го уредот за да му пристапите на сајтот
2.5 TFSI е вистински бисер на Audi
2.5 TFSI е вистински бисер на Audi
2.5 TFSI е вистински бисер на Audi
Бензинецот со пет цилиндри изненадува позитивно со секоја ревизија, а кај RS Q3 и Q3 Sportback обезбедува 400 кс и 480 Nm
Бензинецот со пет цилиндри изненадува позитивно со секоја ревизија, а кај RS Q3 и Q3 Sportback обезбедува 400 кс и 480 Nm
Бензинецот со пет цилиндри изненадува позитивно со секоја ревизија, а кај RS Q3 и Q3 Sportback обезбедува 400 кс и 480 Nm
Ротирајте го уредот за да му пристапите на сајтот
Audi RS Q3
Audi RS Q3
Audi RS Q3
Македонските купувачи од неодамна на располагање ја имаат новата генерација на Q3, на која наскоро ќе и се приклучи и RS специјалитетот

Проекција на RS филозофијата
Проекција на RS филозофијата
Проекција на RS филозофијата
Импресивниот ентериер со видлив RS потпис ги вклучува дигиталната инструмент табла и големиот централен екран, а возачот ужива во седиштата изработени од Nappa кожа и Alcantara детали
Импресивниот ентериер со видлив RS потпис ги вклучува дигиталната инструмент табла и големиот централен екран, а возачот ужива во седиштата изработени од Nappa кожа и Alcantara детали
Импресивниот ентериер со видлив RS потпис ги вклучува дигиталната инструмент табла и големиот екран, а возачот ужива во седиштата изработени од Nappa кожа и Alcantara детали
Ротирајте го уредот за да му пристапите на сајтот

Slider

Вртежите стигнуваат до четирите тркала благодарение на quattro погонот кој се грижи за правилна дистрибуција на двете оски, а во соработка со седум-степената S-tronic трансмисија. Во зависност од нивото на опременост, возачот може да избере меѓу пет или шест опции за режим на возење преку Audi Drive select системот, што подоцна значи влијание на управливоста, суспензијата, звукот од моторот и друго.

Суспензијата на RS изведбите значи спуштање на Q3 и Q3 Sportback моделите 10 милиметри поблиску до асфалтот, а достапна е и специјалната спортска суспензија во комбинација со динамичка контрола на шасијата. Овие моќни кросовери ќе може да се порачаат во осум различни бои, а Audi го потенцира фактот и дека RS Q3 и RS Q3 Sportback ќе ја задржат секојдневната функционалност со багажникот чиј основен капацитет е дури 530 литри.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider
Slider

Send this to a friend