Slide 1

Вести

Mokka-e ја освои наградата “Златен Волан” во категоријата “најдобар автомобил под 25.000 евра”

Slide 1

Eлектричната изведба на Mokka успева да ја постигне популарната цена под 25.000 евра со пресметани субвенции кои важат за сите електрични автомобили во Германија, а изнесуваат безмалку 10.000 евра.

12/11/2021

Уредничкиот тим на AutoBild во рамките на годишниот, 45-ти по ред избор на “Златен Волан”, ја избра електричната изведба на Opel Mokka за најдобра во категоријата “Најдобар автомобил под 25.000 евра”. 

Имено, од пред две години во рамките на изборот “Златен Волан” се воведени категориите за најдобри автомобили до 25.000 евра и до 35.000 евра.

Интересно е што оваа година, со првото место во категоријата до 35.000 евра, Toyota GR Yaris е единствениот претставник на бренд, односно групација која не е од Германија.

Што се однесува до останатите категории, во прилог се победниците:

Мали и компактни автомобили: Cupra Leon

Мали и компактни електрични автомобили: Cupra Born

Средна и висока класа: Porsche Panamera

Електрични автомобили од средна и висока класа: Mercedes EQS

SUV: Cupra Formentor

Електричен SUV: Skoda Enyaq iV

Спортски автомобил: BMW M4

Ван, семејно возило: Mercedes EQV

Најдобар автомобил под 25.000 евра: Opel Mokka-e

Најдобар автомобил под 35.000 евра: Toyota Yaris GR

Најубав автомобил: Audi e-tron GT

Најдобра иновација: електричен погон од Schaeffler 

Форматот на избророт кој се одржува секоја година уште од 1976-тата, е поделен во три фази. Во првата фаза, уредничкиот тим им нуди на читателите на весниците Bild и Bild am Sonntag селекција од автомобили во секоја категорија. Во втората фаза читателите избираат по три финалисти во секоја од категориите. Потоа следи финално тестирање на тест патеката на Декра во близина на границите со Полска и Чешка, по што, победникот го избира стручно жири составено од членови избрани од страна на Axel Springer, издавачката куќа на двата весника.

Исклучок се токму категориите за најдобар автомобил до 25.000/односно 35.000 евра, каде и номинациите и изборот се дел на новинарскиот дел на AutoBild, каде годинава Mokka-e го наследи Hyundai i20 – изборот на жирито за минатата година.

Eлектричната изведба на Mokka успева да ја постигне популарната цена под 25.000 евра со пресметани субвенции кои важат за сите електрични автомобили во Германија, а изнесуваат нешто помалку од 10.000 евра. Две третини од овој износ ги обезбедува сојузната Влада, а една третина обезбедува производителот.

Така, основниот модел кој во ценовникот (кој важи за Германија) изнесува 34.110 евра, всушност ги чини купувачите 24.540 евра, што е навистина одлична цена за комплетно електричен кросовер.

Mokka е од исклучително значење за брендот Opel. За важноста говори и фактот што Mokka е првиот модел на брендот кој уште при лансирањето беше достапен и во електрична изведба. 

Инаку, електричната изведба на Mokka е безмалку идентична како и останатите изведби, благодарение на CMP платформата, развиена од страна на PSA групацијата, која овозможува производство и на електрични автомобили. Забележлива разлика има во тежината, бидејќи споредено со бензинските изведби, електричната тежи околу 320 килограми повеќе.

Електричниот мотор со сила од 100 kW и 260 Nm е напојуван со електрична енергија складирана во батеријата со капацитет од 50 kWh. Батеријата се состои од 216 батериски ќелии распоредени во вкупно 18 модули. Енергијата е доволна за сопствениците на Mokka да можат да поминат над 300 километри со едно полнење.

Батеријата има максимален капацитет за полнење од 100 kW преку полначи со директна струја.

Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

Renault ќе го замени Kadjar со Austral – нов компактен SUV кој ќе има и плаг-ин хибридна изведба
Караван изведбата на Opel Astra ќе атакува на позицијата на Skoda Octavia – бестселерот во сегментот во Европа
Porsche во 2024 ќе ги лансира новите батерии со силициумски аноди и 10 пати поголема енергетска густина
Stellantis ја зголеми автономијата на електричните модели на Opel и Peugeot преку нови пневматици од Continental